ги (зам.) - проследува (гл.)

Чудно им беше што не ги проследуваше Мурџо, никогаш не пропушташе да не биде крај Пеличка.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
И.И. последниве зборови ги проследува со иронична насмевка.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Дончо, кој во тие денови не проговори ни неколку збора со неа, со видлива љубомора ги проследуваше додека си одеа, а тој самиот од дворот заминуваше со последните деца, најчесто скокајќи преку оградата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)