- Иди види уште еднаш, да не сме ги пропуштиле случајно, - вели таа. - Па ги нема, мамо. - Ако, погледај уште еднаш.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Човекот, којшто ги пропушти да влезат внатре, добро ја затвори вратата и пак ја заклучи.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Кога селанецот влезе внатре, сите присутни станаа на нозе.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Прислужникот на О'Брајан, меѓутоа, ги пропушти и двајцата без да трепне.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Има тука и два детала што моето остро око не ги пропушта.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Венчалната церемонија беше завршила и високите врати на катедралата се отворија да ги пропуштат зетот и невестата.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
И, додека и другите мали момчиња, секој со своето топче ѝ натрчува на баба на голот, таа успева да ги пропушти сите топки, за сите да бидат среќни.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Бојана ги пропушти Димитар и Александра да влезат први, а таа застана и се сврте кон Александар.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Слушај, Љуба, бидејќи за да отпатуваме ни се потребни пари, јас не сакам денес да ги пропуштам сеансите, во два часот ќе дојде момчето, а потоа старицата, но, се разбира, на гостите треба да им се откаже, погрижи се за тоа.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Мурџо и Пелагија во исто време ги насетија и заедно стигнаа пред вратничето за да ги пропуштат внатре.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Возот застануваше на секои три куќи, но колкумина да слегуваа барем толкумина се качуваа; па на Ване не му остануваше ништо друго освен да ги пропушта чувајќи си го своето место на папучата и држејќи се за рачката како слеп за стап.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Мисла, онаа филтер - призма да не ги пропушта штетните материи во Батинечкиот поток, а потаму да течат во Маркова Река и во Вардар“ рече професорот Еко.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Да, си дозволуваме да живееме во радост, пред да нѐ зграпчи несреќниот крај на козите, не сакајќи да ги пропуштиме последните мигови среќа со нив.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Зад еден голем камен стоеше стражарот. Тој ги позна и ги пропушти.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)