ги (зам.) - пронаоѓа (гл.)

„Налик на слепиот грчки пророк Тиресиј“, смета Weibel, „тоа е поетот наркоман и хомосексу­алец, кој ни ја предочува апокалипсата на 20. век, од холокаустот до Сидата“. Burroughs насекаде ги пронаоѓа вирусите, дури и во љубовта.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Најголемата секција од Одделот за документација, далеку поголема од оваа во која работеше Винсгон, се состоеше од луѓе чија задача беше само да ги пронаоѓаат и да ги собираат сите примероци книги, весници и други документи што беа исправени и што требаше да бидат уништени.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Моите бивши љубовнички, како и летните познаници од земјава и странство, чии адреси ги пронаоѓав во правливите, бележници, беа отпрвин, и покрај честите измени на нивните имиња, најпријатно изненадени.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Баш сега ги пронаоѓаат тие работи, знаеш“.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тие двајца често разговараа за дрогата - пример е разговорот што го водеа тоа попладне: “Ако продолжиш да земаш ЛСД, Нико, ја предупредуваше Пол, твоето следно дете ќе се роди потполно деформирано.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Никогаш не бев предобра ученичка, затоа што училиштето не беше место во кое ги пронаоѓав своите интереси.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
„Претпоставувам дека одвреме на време и ги пронаоѓаат тие клучеви”, допушти нејзиниот маж - и малку се потпре на нејзината рака кога грчот на неговата сега постојана болка во утробата се закани да го свитка.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Делумно токму преку таквите жанрови, најпосле, децата си ги пронаоѓаат сопствениот глас и сопствената личност, си наоѓаат пристап до субјективниот израз, се здобиваат со карактер.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Значи, строгиот сооднос меѓу жанровите на дискурсот, на чувствувањето, на изразувањето и на однесувањето, од една страна, и облиците на родот и на сексуалноста, од друга страна, веројатно ќе им биде на децата јасен и опиплив на едно инстинктивно, интуитивно, утробно ниво, дури и на мошне малите деца, а веројатно ќе биде формативен за нивните субјективитети, иако – како и повеќето возрасни во тој поглед – тие и понатаму се, главно, несвесни за тој сооднос и немаат никакви свесни и експлицитни начини да си ги артикулираат несозреаните перцепции и интуиции што ги произведува.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Децата уште од рана возраст се изложени на жанровите на дискурсот, однесувањето и емоционалното изразување.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таквите разграничености ги разлачуваат не само видовите на дискурс туку и видовите на чувствување, стиловите на емоционално изразување и конвенциите на однесувањето и на општествената интеракција.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Слично како и вистинските надреалисти, Вудринг зависи од сликите на своето подсвесно што ги пронаоѓа во соништата.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)