Тоа е, впрочем, и еден од централните поими околу кои се води дебатата на двајцата префинети интелектуалци, и двајцата претставници на една аристократија на духот која ги проживеала сите страдања на интелектуалниот хомо балканикус: Таткото е во постојан егзил (и лингвистички и географски, меѓу Цариград, Поградец и Скопје), а Климент Камилски е интелектуалец од највисок ков, шпански борец против фашизмот кој во сопствената држава е фрлен на Голи Оток!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тој е во егзил и дома, бидејќи неговата докторска дисертација за педагогијата и развојот на детето, одбранета на Сорбона, е забранета во неговата сопствена држава!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
На лицето на синот може да се види дека за него сѐ е бескрајно далеку, сѐ е како од некој минат живот, од некој туѓ живот – книгите кои ги напишал, разговорите кои ги водел, сеќавањата на деновите кои ги проживеал и ноќите кои не ги преспал.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Но Били патува само по временската рамнина, една иста личност ги проживува сите ситуации и настани, а неговата свест и личност остануваат неделиви.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Одбивајќи да се смета за Европа, што е насилство над географските, Маргина 36 45 антрополошки, духовни факти, светот на тнр. социјализам денес, од Урал до Балкан, ги проживува своите манични, параноидни националистички кризи, пламти со бурни но последни пламени.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Преку кохезијата на мислите и чувствата се обидов да ја доловам тривијалната симбиоза на ироничноста, моментите кои не ги проживеавме, мислите кои ќе останат вечно заробени во матриците на просечниот ум и чувствата кои никогаш нема да ја пронајдат својата совршена форма.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Кога би ги видел тие нешта како низ матно стакло, можеби и би можел да се сети дека некогаш го живеел тој живот, но за него неговото минато е во потполн мрак, или пак во овој миг тој е во мракот, и светлината во која трепери неговото минато само го заслепува, место да му овозможи подобро да гледа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)