ги (зам.) - прогласи (гл.)

Манлинг обајцата ги прогласува за негова "Аријаднина нишка".
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Германската влада атентатите ги сметала за опасна ескалација на македонската криза и ги прогласила за дело на Бугарија, го зела во заштита султанот, тврдејќи дека февруарските реформи, коишто според замислата на владите на големите сили требале да ја поправат положбата на христијанското население и да го неутрализират револуционерното движење, не можеле да се реализираат не по вина на Високата Порта туку по вина на Бугарија и индиректно на сама Русија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
И Саше пишува. И тоа драми. Вистински драми, со личности, со дијалози, па потоа ги вежбаме и правиме приредби со гледачи.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А дека не сме неписмени докажуваат моите состави по македонски, кои наставничката постојано ги прогласува за најдобри, а пак што имам напишано песнички, мајка ми многу се воодушевува од нив.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во секој момент е можно климатските услови на мозокот да ги прогласат за природна непогода. Вонредна состојба.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Тука, тие од високото раководство на чело со Захаријадис, кого тие, нашите, најмногу го славеја, како што реков, ги прогласија за Титови агенти и шпиони.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сличните одредби од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување Уставниот суд ги прогласи за спротивни со Уставот и ги укина во мај 2009 година. 
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ужива да се наводенува и капките што паѓаат врз нејзината кожа ги прогласува за божества.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)