ги (зам.) - пробуди (гл.)

По изгубените надежи во приврзаниците на Младотурската револуција и надежите што ги пробуди побунетиот офицер Нијази Беј од Ресен за европската разврска на бунтот, настапија балканските, па светските војни.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Добро утро Петар... - шепна тивко Трајанка. - Добро ти Бог дал... –одговори тој исто со шепот, зашто ако зборуваа погласно, можеа да ги пробудат другите... во соседната соба.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Се запрашував како да живеам без него, Тој кој во мене ги пробуди сите чувства, тој кој за кратко ме направи толку среќна.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)