Прво, во дошлаците на Имотот никој не ги препозна Тодета и неговите па луѓето со право се договараа да ги пријават на властите или сами тие да ги изгонат, и, второ, кога ги препознаа, во чудо се прашуваа од каде достасаа овдека, кај биле досега?
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Стражарот ги пријави и тие влегоа во канцеларијата на управникот.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
И тоа со причина, зашто одвај минуваше една недела во која „Тајмс“ не објавуваше по некоја вест во која се опишуваше како некој мал прислушкувач - „дете херој“ беше фразата што обично се употребуваше - наслушнал некоја компромитирачка забелешка и ги пријавило своите родители на Полицијата на мислите.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
- Ништо, - рече Методија. - Те вика да ги пријавиш децава. Заедно да сте оделе.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Толку тешко може некој себеси да се фати „на дело”, што ќе бев во искушение да признаам дека воопшто постојат овие, во суштина неелементи на искуството, да не бев понекогаш во ситуација случајно да ги забележам во акција кај другите, а тие да не ми ги пријавиле.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Турските власти секогаш ги криеле теророт и убиствата што ги вршеле, а роднините на жртвите, особено во такви критични моменти, немало каде да ги пријавуваат.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Согласно измените освен пријавата на работникот во задолжително социјално осигурување, работодавачот до Агенцијата треба да поднесе ППР образец и овластување на овластено лице на кое се наведени лицата кое тоа ги пријавува, а кое треба да ги содржи нивните имиња, презимиња, ЕМБГ, бројот на договорот за вработување и датумот на кој е склучен договорот (чл. 1 од ЗИДЗРО/фев.13).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Ги затворив очите. Сакав да си го замислам и со затворени очи тој проклет Господ.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Командантите и нивните разговори се една работа. Но твоите размислувања и реакција во врска со мојата изјава дека имам намера да ги пријавам, е нешто сосема друго.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Имајќи предвид дека во Република Македонија е доста чест случајот работодавците да не ги пријавуваат како вработени своите работници, обврската засегнатите работници да го известат инспекциски орган во врска со тоа не е лоша сама за себе, но пропишувањето глоба со значителен износ ја пробле- матизира поволноста на оваа одредба.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Но, во овој втор спор во кој бараа надомест на штета поради неисплатените плати за периодот кога незаконски беа отстранети од работа, Н.Н. ангажираше нов адвокат (Г.К.).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во одговорот на тужбата, полномошникот на „Водостопанство во стечај“ наведе дека тужбата е преуранета и дека овие свои побарувања требало да ги пријават во ликвидационата постапка, која сѐ уште трае.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)