ги (зам.) - приреди (гл.)

Но ова не беше крајот на изненадувањата кои Камилски му ги приреди на својот пријател по судбина.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Арафатовата легенда дека ќе живее вечно и дека еден ден сите бегалци ќе н врати во слободна Палестина во нашата свест ќе стаса до метафизички граници.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но, за волја на вистината, мора да се рече дека изненадувањата кои ги приредува животот се вон метафизичките сфери, тие се и во жестоката реалност на антагонизираниот свет, во судирот на протагонистите на непомирливите разлики.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Можеби претерував кога после интимните игри ќе изјавев дека сум тонел до грло во сладостите што таа знаеше да ми ги приреди.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но тоа го правев само во моментите кога ќе се исплашев дека ваквите изблици на среќа може и да секнат.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Веројатно без намера да нè повредат.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Забелешките од овој вид мене сепак ми заличуваа на искушенија и јас верував дека нив нѝ ги приредуваат блиските само за да нè збунат.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Поезијата не живее од задоволствата што ти ѝ ги приреди Или од оној разбушавен април натокмен да ја заведе
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Серенадата под чардакот на Рајна Коцева, како и другите две-три серенади што ги приреди Голем Тодор, и тоа во различни делови на градот, само требаше да го најават неговото пристигање помеѓу нас; неговото враќање во родното место.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Контактите што ги обавуваме од лична потреба или по службена должност, а и манифестациите што ги придружуваат таквите контакти, се само дел од игрите што ни ги приредува животот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Наеднаш го слушна како се накашлува. Ѝ соопшти со нагласена сериозност: „Најголемите несреќи на луѓето им ги приредуваат недоразбирањата“.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)