За тоа, пак, се грижеа Ариф и Злате, кои секое утро ги прибираа ведрата со млеко, мисурките со мед, погачките, шишињата со ракија и го колеа бравот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Односите со поп Спиро од неговото Полчиште не беа баш толку добри, бидејќи тој секогаш кога служеше во манастирот бараше од дедот Сталета да му плати цела бела меџудија, а врз тоа парите од молитви, крштења, пеанини и друта свештени работи не ги оставаше попот на манастирскиот диск, ами си ги прибираше во својот џеб, та дури и литургиите што ги носеа селаните за нафора си ги клаваше во торбата и им ги носеше дома, на попадијата и дечињата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Не велевте ли, другар Чапаев, дека во вашиот Суд, сите се партијци: од куририте до судиите! - рече, на крајот, Алал Комби и започна да си ги прибира своите хартии.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
19. Велес, колцето негово Во домот на Рацин А еден ден во нејасата измаглина се подадоа неговите раце од пресушената грутка од изронетата во заборавената темнина Дамнешни кристали растурени по почвата земна Линии складни во воздухот ги обновуваа некогашните форми дури се будеше мемлата од тркалото Со нив почнуваше земјата да се врти околу зборовите изречени во невреме И пладнето повторно ја воспеваше глината што се раѓа во неговите дланки и сите крикови несекнати и дални и кликот небесен и сончевиот оган нараснуваа во благото тесто на ломната материја на надежта Израстуваше од неа зборот во светла преобразба Зрачниот хоризонт пак над чардаците ги прибираше помнењето и смртта со затрчаноста на водите и времето
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Толку е блиску тоа како млекото на лулката на несвенатата на глината на одрината на бреговите на светлоста Огрева таа и темнината од рамената од морните ја истава Во јасен час ги врзува со стреата со татковата кон изгревот загледана кон огништето на сонуваното време надежите пробудени што ги прибира во зимата на долгата ноќ
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Никола ги прибира полите од дебелата волнена наметка, се спушта крај искршеното и издупчено широко канабе претрупано со разни книги. Гласно пребира по книгите.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Тоа нечистивиот ти го стокмил: и свадбата, и сватовите, и ората, и даровите, виното, од кое ако си голтнал, ќе те голтнело лудото и ќе било чудото што ќе те такла по сокаците да ги прибираш облаците, ќе те чекале бајарки и попови по манастирите, по чардаците.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Тука е и широкиот предел на летото што трепти врз ретката 'рж што се плетка во ченките што чади над возбудените трмки босилекот што ги прибира.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
И сега, камбаната закачена привремено на две тополи, без престан чукаше и ги прибираше верниците.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Кога се крева завесата Митре е испружен на миндерот потпрен на една перница и задуман пуши, додека Мара ги прибира последните остатоци од голема софра на која вечерале жетварки. Време околу дваесет и три часот.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Кога си со мене, а јас со тебе - немам јадови. Ти ги прибираш... - Потоа замолкнаа.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
„Заради макја ми. Таа е душман на хартиите: како глушец душка по нив низ куќата и ги прибира за палење оган ...“
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Потоа се стишува борбата. Ги прибираме ранетите, се прибираме себеси.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)