ги (зам.) - пречекори (гл.)

Во него означеното секогаш функционира веќе како означител.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
По пат на една одвај забележлива нужност, сѐ се одвива како поимот на писмото, престанувајќи да означува една партикуларна, изведена, помошна форма на говорот воопшто, (сфатен како комуникација, релација, експресија, значење, конституирање на смисла или мисла, итн.), престанувајќи да ја означува надворешната скрама, непостојаниот дупликат на еден главен означител, означителот на означителот, да почнува да ги пречекорува границите на протегањето на говорот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Спискаа еден старец и една старица и паднаа пред нозете на Арслана, но тој ги клоцна во ребрата и ги пречекори, та одбра уште десетина како овега и му ги предаде на заптиите, кои ги одведоа кај поп Димитрија и другите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Е, драскал ефенди! Ќе правиш кумпанија на попот и коџабашијата или ќе ги оставиш сами?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Токму таквиот вид на архитектура, која со својата рационално- функционалистичка основа ги пречекорува границите на човечноста, беше повод Хундертвасер да почне да се занимава со темата човек-станбена изградба-природа.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
И кој е тој што може да ме убеди дека утре ќе се вратат и со радост ќе ги пречекорат местата каде што беа праговите од нивните домови?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ги има изналепени и заковани во Корештата, во Преспа, на ѕидовите по болниците, на стеблата од буките, дабовите и боровите на Вичо.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ми го беше привлекол вниманието облакот кој откако ги пречекори црвените покриви на куќите на Водно веќе наближуваше кон црниот гајтан што се размотуваше од високиот оџак на „Турист“.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тој гајтан од чад вистински личеше на појас од огромен џин и имав впечаток дека наближува моментот кога ќе се завитка околу вратот на забрзаниот облак.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но, сепак, остана впечатокот дека роковите кои се воведуваат се само инструктивни, при што отсуствува елементот на казнување на судијата кој, евентуално, би ги пречекорил пропишаните законски рокови.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Можеби можеме тоа да го замериме. Но, мораме да си бидеме на чисто дека популарната култура не убива и не спасува.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
ЗАКЛУЧОК Во миговите кога општествените граници се мошне реални и кога различните расистички демагози се загрижени да не ги пречекорат разни неповикани раселени и економски затирани индивидуи, се чини популарната култура со своето имагинарно пречекорување на границите како некаква лажна компензација, утеха.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Самиот секако не би можел да ⥊ припишам толку големи и толку одлучувачки потенцијали.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)