ги (зам.) - престигне (гл.)

Колку е осамен оној мал облак што трча да ги престигне врсниците упатени кон Плачковица!
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Х.Х., виде-невиде, се поздрави и замина да ги престигне другите пред да стасаат во хотелот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Не знаеше ништо за стаклото и порцеланот, за слоновата коска, седефот и металите кои молчеа околу неа, кратко и тивко отповикувајќи се само на допирот на нејзините долги нокти кои секогаш ги престигнуваат прстите, осамени, недопрени од работа.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)