Тогаш и подоцна сѐ почести беа вестите за тоа дека селаните ноќе чуваат стража за да се бранат од бандите пљачкаши, кои кружеа по селата и ваму-таму ги пресретнуваа џандарите со истрели; дека особено Македонците, кои страдаа и заради учеството во движењето на отпорот, а најмногу заради своето потекло, веќе имаа почнато да се организираат во групи за самоодбрана.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Освен во времето на војната, додека го служеше воениот рок, кога годишните времиња и сиот ред на нештата преминаа во безредие, животот имаше определена шема, исто како и времето, годишните времиња беа јасно одвоени како посебни паноа на ѕидни слики, свежите и нежни денови на есента им претходеа на влажните и ветровити денови на зимата; освежителните денови на пролетта ги пресретнуваа запурничавите и неподносливи денови на летото.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)