ги (зам.) - пресмета (гл.)

Во првата измена и дополнување од 2010 година,124 позначајни промени кои се воведуваат се ослободувањето од обврска за плаќање на придонес од здравствено осигурување за лицата кое се пријавуваат во Агенција за вработување на Република Македонија и кое писмено се изјасниле дека се пријавуваат само заради остварување на права од задолжително здравствено осигурување, како и обврската за самовработените лица самите да си ги пресметуваат своите придонеси, наместо како што беше претходно утврдено тоа да го прави Фондот за здравствено осигурување и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на РМ.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Она што го фасцинирало Flusser да ги запише тие екстремни тврдења (изедначувањето на научниците со компјутерските уметници), е токму способноста на компјутерот како еминентно виртуелна машина, да не ги пресметува и обработува нештата само на ниво на броеви, туку уште повеќе, броевите да ги синтетизира во облици.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Дропките, равенките со икс и ипсилон да ги пресметаме, да ги вкалкулираме во нашата реалност, да ги одредиме координатите за да преживееме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
25. НА СВАДБАТА ЗГОРА И АРАЧНИКОТ МУ ДОЈДЕ - оној службеник ревносно што собира наем, а, пак, јадењето, пиењето и свирките тој ден ги пресмета во тефтерот за доживотен заем...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)