ги (зам.) - пресече (гл.)

Андартите се вратија, го изгореа Жиово и со секира на прагот во Бојковата куќа им ги пресекоа главите на осумнаесет мажи што не сакаа да се погрчат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Гранките од искастрените дрвја, или уште како што ги викаат овдека рошки (поправо, додека не се исечени, додека се на дрво, ги викаат гранки, а после, кô ќе ги пресечат од дрвото, ги викаат рошки) со коли или со нарамници ги пренесуваа до дворовите, блиску до излезните врати од куќите, или ги настожуваа во кошарите и од н ив дрва за огрев насекуваа само толку колку што беше потребно за да се помине денот и ноќта.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
— Море, пушка златна да ги удре и брадва да ти ги пресече, Борисе, тие твои браќа, туку не парај ми го срцето со линџа!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ги испрати Арслан во рајот да ги поздрават оние стари мариовски бунтовници од Пешта коишто вака за „крст чесен и слобода златна" ги жртвуваа своите животи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Волкот ако не си ја врше работата сам — тешко нему!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
По него ги пресече ортомите и на другите обесени и овие се истегнаа наземи. — Вода момчиња! — извика на турски мудурот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тоа била цел од првостепено значење бидејќи доколку би ги пресекле нивните комуникации состојбата на Германците би била очајна.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Првата македонско-косовска ударна бригада која по борбите во Февруарскиот поход се повлекла во делот на Македонија под Грција во областа Меглен, добила задача да се пробие во Западна Македонија, да ја обнови слободната територија од 1943 година, а потоа да дејствува кон Централна Македонија, да ги пресече патиштата од јужна Албанија кон Скопје, што им служеле на германските единици за врска и снабдување.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Но тој не стравуваше за живот и имот, него го мачеше мислата, што на моменти се претвораше скоро во извесност, дека војната ќе ги пресече патиштата меѓу него и неговото девојче, и дека никогаш веќе нема да го види.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Турското господство ни ги пресече сите врски со нашата старина: Најтешко се одрази тоа на Македонија, како централна провинција, па затоа во тоа време кога кај другите православни Словени постепено се изработуваше писмениот јазик и правописот ние сѐ повеќе се обезличувавме и речиси сосем се откажавме од нашиот јазик како орган на литературната реч.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Малечките балкански државици, што се заинтересирани и ги поддржуваат пропагандите, во прво време ќе ѝ се расрдат на Императорската султанска влада затоа што ќе им ги пресече „вековните“ привилегии, но ќе помине време и тие ќе се примират со отстранувањето на пропагандите, зашто тоа отстранување ќе биде во нивна полза: ќе престанат да ги праќаат во Македонија своите милиони франкови, од кои за нив никогаш немало и не ќе има никаква полза.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Можеби на нива, во бавча или лозје, на ручек или вечера ќе ги пресече веста болна?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Зошто и таа да не лета. Зарем можев јас да ѝ ги пресечам тие крила.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Половина од девојчињата во класот беа готови да си ги пресечат вените за него, но тој тоа не го гледаше; тој гледаше во мене.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Нека ми ги пресече рацеве и в огин нека ме фрли, му реков, ако не го исполнам тоа што го кажав, му реков.”
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Пакосна рака ги пресече проводите за светилен гас.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Затоа што позгоден фраер не сте виделе! – ги пресече Весна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Ќе нè запознаеш со него? – ме праша едната.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Му се чинеше дека ќе му ги пресече на половина.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ако некому некогаш му се припее, си пее во себе за да не ги пресече другите.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Автоматски рафал ми ги пресече нозете.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Беа ги пресекле диреците на мостот, и кога се качија педесетина од моите момчиња на него, тие се ортоми го тргнаа мостот и сите попаѓаа во реката.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И на нејзини очи ќе им ги пресече џелатот главите со секирата! – Пак тропна со ногата и зашета нервозно низ одајата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Претполагаа дека ќе ги стрелаат, можеби ќе им ги пресечат главите со јатаганите и после ќе ги закачат на колје за да се плашат ѓаурите од власта.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Децата спиштеа, жените затажија, изналегнаа на подот ничкум, чекајќи да им ги пресечат главите со исуканите јатагани.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Во тоа исто време и две од момчињата што рипнаа преку прозорците се запатија кон Анѓа и набрзина обајцата и ги пресекоа ортомите и ја ослободија.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сите деца личеа на уловени птици на кои лошите деца со ножици длабоко им ги пресекле крилјата.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сите наши глави, ко зрна од грозд на една дршка. сите ние црпиме од дедовите и прадедовите жили... со омраза кон тој што сака да ни ги пресече корените, закоренети од дедо прадедо, од памти век!!!!
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Реката ги пресечува нивните разговори.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Јас го гледам и ми иде да си ги пресечам рацете.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Потоа ќе ги пресече јажињата за да го ослободи големиот балон.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)