Кога имала Кала една година, то ест, кога се родил Мил, мајка ѝ сакала да ја одбие. Ѝ ставала четка од чевли на боските свртена со влакната кон нејзината уста за да ја боцка - не помагало; ги мачкала грепците со смрдлива трева - не помагало: ги премачкувала со пипер за да ја испали - не помагало: Кала сѐ издржувала и цицала заедно со Мил.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
ВЕЛКОВ: (Приоѓа до Михајло. Го бацува во чело.) Јас сум поп Велков. Одбивате да ги премачкувате фреските. Вие сте мал светилник во ова мрачно море.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Ги редеше на штицата коцкестите резанки бел леб за сендвичи, ги премачкуваше со путер и од нив направи сендвичи.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Тие кожи што беа за гајди, таргачи, мешини, ги сушеше така цели, превртени од внатрешната страна, а оние што беа за опинци, постеќии или ремења, ги распоруваше, ги оптегнуваше со клинци на чардакот и ги премачкуваше со ќуќур, стипса, сол, или со сок од билките чуен и ноктец.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Тоа го правеа и лекарите во војната: им ги премачкуваа раните на војниците со мед за да не им загнојат.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)