По обичај, со возачот Бешир, кој беше ненадминат на воланот, кога одев кај Арафат, поаѓавме од Картагина.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Секогаш пред заминување, како по некој ритуал, ги прегрнував децата, сопругата, без да знаат каде заминувам.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Жари пламенот, ги подлижува и ги прегрнува цепениците, разнишано се извишува нагоре, се напластува дипла врз дипла, за миг се смалува и со поголема сила наеднаш расте и пругоре исфрлува роеви искри.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Тој скокаше од радост, ги прегрнуваше и Лествичникот и Филозофот, им ветуваше делови од царството, товари азно, а овие збунето се гледаа, оти не очекуваа исход ист во словата, на две различни места најдени.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ноќите се сведоци, на нашите мисли... додека небото ги прегрнува ѕвездите Во прегратка, ние сонуваме! Меѓу сенките на сонот средба на љубовта...
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
И после, наеднаш, се пуштив да ги прегрнувам жените.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)