Не би час и Хаџи Ташку достаса, заедно со општинарите кои отидоа да го повикаат, заедно со тајфата и со Арнаутите од анот Богатиноски.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Младен, кој во куќата беше само безгласна буква, блунтавите јадења на Ружа секогаш мораше неволно да ги пофали.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Овие му раскажаа сѐ потенко, кадијата ги пофали и богато ги награди од своја страна, напиша уште истиот ден писмо за скопскиот беглер-бег и го испрати, па се прибра вечерта во конакот да им раскаже на Ајша и каданите за повторното Анѓино ропство, а сужните ги затвори во својот затвор и ги држеше ни помалку, ни повеќе – токму три месеци.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
И сѐ така - вие ќе си доаѓате и ќе си заминувате, а јас ќе ве пречекувам и ќе ве испаќам...“ не ја забележаа тагата во гласот, премногу беа радосни дека нивниот сакан Еко ги пофали.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Одржа една куса реч во која ги пофали потковичаните што се одѕвале на желбите на султанот, (да му се илјада години и севишнот да му ги умножи блаженствата и радостите) за општественоравненство на народите во империјата, ги прими планот и писмото, (покрај парите за такса Максим му тутна и едно навезено кожно ќесе со лири) и испрати по Хаџи Ташку - милум или со сила да го дотераат; рече Измирувањето со тој кодош има пред мои очи да стане.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
„Успешно ја завршивте работата“, ги пофали наставникот Никола, нивниот одделенски раководител.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Во брошурата за изложбата, пријателката критичарка на Џоен ги пофали „одредените темни навестувања помеѓу светлите линии, речиси: турбуленции кои само што не пробиле низ мирните, дури убави површини”.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Кога се правеше гробот, кога ќе почнеа темелите да му се копаат, да се поставуваат темелници на споменикот, се канеа сите блиски и роднини на покојникот, како куќа да се прави: се колеше јагне или овен, се редеше главата во темелникот, се правеше ручек, се викаше попот, и тука заедно со мајсторите се јадеше, се пиеше; пред тоа, попот Матлија со крстена водица ќе го осветеше гробот, ќе му пееше молитва, ќе фрлаше поглед на плочите и камењата стокмени за споменикот, ќе ги пофалеше мајсторите што ги делкале, домаќинот што стокмил пари за споменикот, а потоа, сиот измастен од месото што го дрпаше, го поземаше бинлакот со вино и долго го држеше на устата како да го подува.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)