157. Ние гледаме сега оти три национални и религиозни пропаганди во нашата татковина се борат една против друга и сите заедно се борат против нас и нашите интереси, сакајќи да им нанесат смртен удар и да си ги потчинат под себе, земајќи го со таа цел религиозното и училишното работење кај нас во свои раце преку црквата и училиштето за да ѝ нанесат смртен удар на нашата народност, ни го налагаат нам нивниот наместо нашиот јазик.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Никој не може да го укине јаничарското во нив со кое се служат режимите кои ги потчинуваат народите!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Токму тоа сакаа да го направат империите, да ги потчинат малите народи како нивни сателити.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Не беа свесни дека со тоа ја поддржуваа матрицата на светскиот јаничаризам на империјата на новите времиња: новиот јазик за сите требаше да ги потчини малите, да направи од малите јазици негови сателити.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Таа понатаму расправа во прилог на тоа дека комунистичкиот систем продолжил да ги потчинува жените, и концепциски и организациски.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Тие проникнале дека неговото доброчинителство не е искрено, туку има за цел нив да ги потчини.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Во VI век во Панонската низина се појавуаваат Аварите кои ги потчиниле словенските племиња и заедно со нив ја напаѓале Византија.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Постои некаква имагинарна рамнотежа, некакво согласје, можна хармонија, меѓу законитостите во природата и социјалните законитости и историјата, кои најчесто ги доведува во прашање човекот со своето однесување.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Кој не го познал искушението да биде прв во државата нема да разбере ништо од политичката игра, од волјата да ги потчини другите за да ги направи објекти, нема никогаш да открие од кои елементи се состои уметноста на презирањето, ќе забележи Емил Сјоран.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Законите на физичката акција им ги потчинив на духот.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Глас: Александар уште мал, на шеснаесет години оставен во Македонија како регент и чувар на кралскиот печат, ги потчини Меѓаните!
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)