ги (зам.) - потценува (гл.)

Толе на очи ги измаскари Перета, Тренков и Ацев, а особено неговиот бивш секретар Шаќира што побегнаа од Витолиште; ги потценува и понижува со разни епитети: кокошкари, мазникари, но си ја зеде грижата да не ги даде в раце на потерите и на смртта од глад, та така од една висока точка се постави како нивен заштитник.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Сигурно некои коркари како вас, — не престануваше Толе да ги навредува.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Со прекор во гласот ми вели дека сум премногу критичен спрема себеси, дека ги бројам само промашените пенали, дека ги потценувам сопствените чекори, дека плукам на сето она што сум го правел во стариот крај, дека заборавам дека имам потпишан договор за својот прв холивудски филм, дека умеам да бидам патетичен, да се сожалувам, да уживам во сопствената меланхолија...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Не ги потценувам јас ниту дилемите на Хамлет ниту пак заебаната ситуација на Едип, но како што би рекол Питу Гули во филмот „Републиката во пламен“: Песна, јунаци!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Не си ги потценувај децата, но биди подготвен цел живот тие да те потценуваат.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Така ме нарекуваа оние што се потрудија да ме оттурнат: Маестро ,велеа тие, не смеете да ги потценувате своите вредности.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
при одење главата им е поткрената, рацете им мавтаат, чиниш, пливаат; тие луѓе смело приоѓаат на сѐ, не се плашат од тешкотии, па дури често и ги потценуваат; многу работи превидуваат, но грешките бргу ги исправаат; ретко, или никако не бараат совети или помош од некого; сакаат да им се слуша зборот, да ги слушаат луѓето;
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Не дека ги потценувам чувствата спрема нивните покојници на оние мештани што поставиле ребрести лимени покриви над гробот или го заградиле со столпчиња како кај медитеранските тераси, тоа никако - со некој невин израз ми зборуваше таа - но јас сакам да се направи нешто што нема да го навредува просторот, нешто што ќе си легне во пејзажот, што ќе ја олеснува врската меѓу земјата и небото, што ќе претставува јасен нишан, но нема да го спречува дождот да продира во земјата и тревата и планинските цвеќиња да растат угоре.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)