„Боже, белки ќе го свртиш надесно, да се прибере, да си и изгледаме дечињата како сете еснафки" си помисли таа и си зашетка дома да си види ред домашни работи, за кои немаше никако време, та дури ни кркмите немаше време да си ги потсече; беа ѝ паднале до очи.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Утрото беше студено но поддувнуваше едно ветре така што уште пред да втасаме до стреџерот, веќе го чуствував како некој со преостри ножици да почнал некој да ми ги потсечува ушите.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Затоа и молкот нејзин е суров, студен и мрачен.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Крстовица полека свртува глава, погледнува во својата црна шамија распослана на подот и тивко, одвај чујно, изустува: - Ајде, синко, стани на мајка, стани... Стани, Ристеее!...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Таа насобра неколку грста и напреку тргна по угорнината.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Само толку пишуваше за големата рана на Крстовица.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Не ѝ е криво што во тоа стрниште не најде ни шесторедица ни црвенка.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Чувството дека остана сосем сама ѝ го раскинува срцето, ѝ ја полни устата со горчина, ѝ ги потсечува колената осамата што дојде со кобното војничко писменце.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Несреќата ја стегна за грло и и ги потсече нозете.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Не моли: туку наредува со шепот и со растреперени прсти го бара неговото тело.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)