ги (зам.) - потпали (гл.)

Оние на кои им значи огнот ги потпалуваат страстите пред да фати зимска цибрина во длабоките клисури на душите.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Потоа дури до горе, до грлото, ќе го соѕида грнецот со суви лепешки, а потоа ќе ги потпали лепешките, јали со суви кочанки, јали со троа борина, и ќе го остави да вари.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Горат неожнеаните ниви. Со голо око гледаат како истите коњаници ги потпалуваат созреаните жита.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Пак бараат книга, пак ја палат и таа пак изгорува без да ги потпали дрвата.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Инаку, при пишување на желбите или тужбите немаше обичај да ги потпалува скараните странки, да потфрла „бензин” на огнот, да ја разгорува кавгата, но немаше обичај ни да ги смирува, да го гаси тој оган ако веќе вивнал...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Профим го стега коњот за оглавот да не мрда; Царјанка ги шири рацете и им забранува на сестричките да истрчуваат пред коњот; по скалите трча Профимица со капчето в раце за да му го стави на Скрче; но сликарот чкрапнал, та сè е фатено во една подготовка за сликање; петта фотографија: пак Профим, жена му Профимица и синот Скрче, но сега малку потпорастен; во рацете држи свеќа; зад нив е црквата, околу нив гробиштата, расцутен јоргован, неколку деца што се бркаат со запалени свеќи в раце за да си ги потпалат косите; некое дете во мигот на чкрапањето е фатено одзади каде што им се исмејува со издолжен јазик; шеста фотографија: фотографијата е направена во сликарско ателје во градот: на стол седи Профимица, в скут го држи Скрче во морнарски алишта, до неа седи Профим, потпрен со раката на нејзиното рамо и облечен во градски алишта што му ги позајмил сликарот за сликање; зад нив кулиса што претставува богата градска одаја, украсена со слики, голем ѕиден саат, на ѕидот распнат персиски кавијор со лав чијашто глава со разината уста се наѕира меѓу Профим и Профимица; на Скрче главата му е помрдната при сликањето и изгледа како да е двојна или како да се гледа низ матни очила; седма фотографија: сите деца заедно: Царјанка, Андромеда, Девица, Венера и Скрче; девојчињата држат во рацете китки цвеќиња, а Скрче мало кученце што не седи мирно; сликарот доближен до нив повеќе отколку што треба, не ги фатил сите убаво: Царјанка, која е на едниот крај од сликата, ја фатил половина, како пресечена од главата од петиците; уште тогаш Царјанка сакаше да ја скине сликата, но татко ѝ Профим не ја оставаше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Но ако почнат луѓето од завист, од злоба, да боцкаат отстрана, да ги потпалуваат и ќерките и зетовите, да им удираат спонци и да им велат: зарем вие ништо не земате од татко ви: зарем да му оставите сè на Скрче да се шири и ужива...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Пругата што гори, што трепери, што поминувајќи ги потпалува малечките сводови...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Нора секогаш свиреше клавир додека нè чекаше...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)