ги (зам.) - послужува (гл.)

Не може да се рече дека Камилски беше задоволен од одговорот, но додека неговата сопруга ги послужуваше парчињата од петаникот, пита којашто беше од фамилијата на тикушот, но со разбирливо и предвидливо име, Татко се обидуваше да ја доразвие својата мисла: Пред малку ја разгледувавме судбината на зборот модар патлиџан.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Речиси во секое семејство ширум низ Османското Царство постоел различен начин на подготвување на овој плод.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога седнаа, додека тој гостите ги послужуваше со супа, сепак, божем попатно, рече: „Намерно едната чинија ни е различна. За да ја разбиеме еднообразноста“.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Своите посетителки од селото Паца ги седнуваше на стол покриен со простирка со реси и ги послужуваше со по лажиче слатко во едни тантелести чинивчиња како напрстоци.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)