Па, кога ќе мериш за да го одбереш помалото од поголемото помеѓу пушач и пијач, на кантарот помалку тежи зависникот од никотин, а од понудените курвар и коцкар, подобар избор е љубовникот, кој сетики по некој пат ќе донесе некоја нова, научена умешност од понадвор дома, па ќе имаш и ти некој ќар, а не може до крајот на животот да биде тоа, за разлика од другиот, кој ќе испушта душа врз масата за рулет и на сто години или, во подобар случај, ти ќе му ги пополнуваш ливчињата за „спортска“ до крајот... дека помлада.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Не можеш да се разбереш, вели, а трагите зад мене снегот ги пополнува, ги зарамнува.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Само вие среќавајте се во темно за да си ги пополнувате споменарите.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
За казна, давам многу од себе, што ги пополнува недостатоците. Ќе бидам истрајна.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Всушност, внатре инфраструктурните правила на посакуваната поетика, нараторот ги пополнува `рбетите со контекстуални знаци и ознаки. Како и со знаци за засебните значења.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)