Не од внимание спрема Јанческите, да не ги навредат, туку за да не го скориваат злото, кое има чувствителни уши, лесен сон и брз чекор.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ова љубовна историја, која ги поруга и ги понижи Јанческите, во Потковицата никогаш не се споменува без насушна потреба.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тие, Акиноските, горди и довечерашни лути непријатели на Турците, многумина нивни блиски соплеменици паднаа во боевите против турските завојувања на Македонија, ниту не можеа да помислат на исламизирање; беа длабоко уверени дека единствено е добра и исправна верата христова и силно ѝ беа предани нејзе, а Лажниот Мустафа, пак, за сѐ добро известен, како да негуваше одредена почит за нив, како да не сакаше да ги понижи повеќе од што беа понижени со самиот факт што тој, туѓинец, господари со нив, довчерашни византиски господа.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)