ги (зам.) - полни (гл.)

Жените домаќинки, со засукани ракави ја готвеа зимницата; ги полнеа качињата со домати и пиперки, за да имаат преку зимата тазе туршија.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Подоцна го дознавме тоа и дознавме колку многу нуди светот, колку ги полни очите блесокот на градовите, а колку малку можевме да земеме и да понесеме.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Неуморните рибари во нив, со најобични јадици, секој момент од морските води вадат риба, ги полнат кајаците...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Можеби затоа најмногу придонесуваат опитните таксисти, кои најмногу ги полнат истанбулските улици.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Со гумите за џвакање правевме балончиња и ги полневме со хелиум. Чекавме. Не, одложувавме. Се плашевме ли?
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Ги развлекуваме оние неколку штици што беа разлабавени и ги полневме торбите со пченка.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Сонцето ги извлечка од земјата копривите, штавеот печурките и други билки од кои можеше да се свари зелјице и да се фаќа нова крв, та така децата по цел ден береа зелје, полжави, копаа корење од диви кочани и сосем земја ги полнеа своите празни стомачиња.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Колку за семе останаа и машки и женски, макар половината; може и преку половината изумреа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И што е уште полошо, им ги полнела со свилени чаршафи устите на сите што во знак на одмазда и ‘рчеле во ритмот на Радетскиот марш.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Пред Божик и зад Божик кај и да си, оди на вечера со русокоса придружничка за која однапред се знае дека е ненаситна тигрица со тесна специјалност – черечење на сладникавите занеси.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
И што е уште полошо, им ги полнела со свилени чаршафи устите на сите што во знак на одмазда и 'рчеле во ритамот на Радетскиот марш.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Два месеци ги полнев џебовите на интернет кафето сè додека не го сменив посраниот провајдер па да продолжам со секојдневната доза од дома.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Се тегнеше, ги полнеше градите со свежина и ги згрташе со својот широк поглед чукарите, буките, ливадите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Нејзините силни раце ја претвориле некогашната нива за компири во ова волшебно заградено земјиште, со цветни и зеленчукови градини, со дрвја преполни со цреши, круши, јаболка, кајсии и праски, лозници, кои не само што правеа сенка во лето, туку и ја полнеа трпезата со деликатесното овошје и бочвите во визбата ги полнеа со својот ферментиран сок.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И како што тој ги полнеше бокалите, и како што течноста во бочвата се намалуваше, така Милан сѐ повеќе го ценеше преостанатото вино во бочвата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во овој процес на обратна асимилација, белите американски уметници ги полнат своите студија со дрангулии од странство и прават олтари, изведуваат рап музика, облекуваат домородечка церемонијална облека, си ги менуваат имињата, стануваат експерти за високо специјализираните “примитивни” ритуали и “традиционална” музика и заминуваат во досега непокриените соседства за да ги придобијат “останатите”.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ливајн работеше во тишина како и другите, додека сонцето го печеше по вратот, испарувањата на мочуриштето и од труповите му ги полнеа белите дробови, пуштајќи сѐ да се случува, сега потполно без воља ниту способност да размислува за тоа; но сфаќајќи некако дека на ситуацијата не & беше потребна размисла или 18 Margina #1 [1994] | okno.mk рационализација.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Моторите не ги исклучувавме. Сѐ додека траеше растоварувањето, резервоарите ги полневме со бензин и кога ќе слушневме дека е готово, свртувавме и право во магазините.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
До горе ни ги полнеа чиниите со манџа и леб ни даваа повеќе отколку што сакавме.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Францускиот бенд, „Ејжен даб фондејшн“, побарале после концертот во кафеаната во која ќе ги полнат стомаците, рафално да стрелаат по келнерите со ќебапи, суфлаки и слични убиствени месишта подготвени на скара.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Нови јата риби надоаѓаа и пласкаа во плитката вода крај брегот, прпелкаа како фатени во мрежа: се пикааа во трските, во шеварот, во водните растенија и испуштаа чудни шумови и клобурци над водата; шумеше водата како подземни извори да се креваат; пиштеа галебите и сите езерски птици кружејќи и налетувајќи на рибите; трчаа луѓето, довлечкуваа кошници, сепетки, кошови, вреќи, и ги полнеа со риби; довлечкуваа и магариња, коњи, ги товареа со риби, се грабаа меѓу себе, се караа, се пикаа во езерото, заграбуваа поголеми и попресни риби; ги соблекуваа кошулите, панталоните и со нив фаќаа за да не им се лизгаат рибите од раце; се крвавеа во прстите од нивните перки, од нивните крлушки, удираа по нив со ости, со вили, со виљушки врзани на стап за да ги скротат и да не им бегаат од раце; се мешаше водата со крвта од рибите и од рацете на луѓето.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Не се ни мачеше да им ги полни главите на сите други, но за себе си тој продолжуваше да знае дека тоа е само еден од начините на она старче да се провлече, да мине крај сѐ и меѓу сѐ, без притоа да остави нешто само свое.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Зад нив остануваат од босите нозе длапки што мирните бранови на морето ги полнат со пена и ситни школки.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Човекот со тенекијата веќе третпат ги полнеше чашите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тој ги полни торбите и ги закачува на ортомата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И ги полнат устите со месо, со ориз, со леб и губат здив, речиси се задушуваат, па мораат да џвакаат со отворени усти.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И една од другачки ми, Стојна Ресулоска, само ја пуштаме да ги полни стомните, да носи вода.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И трга од цигарата, ги шири градите, ги полни со чад, му прави место на чадот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Веќе се стемнува. Лаѓа ноќта како црвотечина. Ги полни доловите пред нас до подбелениот венец од планината.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се чешаат така луѓето, ги полнат ноктите со кал и со кожинки.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ги полнеа лулињата и го стискаа со палци тутунот во земјените грла. И откај другите огнови доаѓаа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пропаѓав во кратки соништа, оние што немаа ни почеток ни крај.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Прстите на старецот си играа со мојата коса. Пламенот ми ги полнеше ноздрите со густа топлина а земјата под мене беше сува и тврда.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога се врати сличен на живо стебло со испреплетени ветки, го разгоре огнот и го помоли бедниот Герасим од Побожјане, домазет во нашето село, да раскажува за старите времиња: минал многу свет, го знае минатото. И рече дека нема веќе спиење.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Времето минато во природата ме исполнува и ми ги полни батериите за секој нареден ден.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Додека нејзините соученици ги полнеа батериите, Рада отсутно одвај чекаше да се врати дома.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Никој не можеше да сфати од каде добиваме достатно пари за да ги полниме стомаците со храна, дури ни старите луѓе од фамилијата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Никој од нас не би искористил никого на светов.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Бројните, за нив натплатени пијалоци ги полнеа касите, затоа што, за разлика од вообичаеното јагне, при конфликтот на сопственикот со неговиот соперник беше приложена и вистинска човечка жртва.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Малите срца ни ги полнеа со гнасотии.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ние умиравме за една друга љубов, за еден друг збор, толку денови, ноќи, векови го баравме тој извор, а ваму со брливи работи ни ги полнеа главите.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Се сети: пееше некој меѓу стеблата а златниот, леплив сок на дрвјата врело ги полнеше ноздрите.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Така се роди неговиот ѕверски инстинкт. Претчувствата оживуваа облици и шумови, жедта, непозната досега, му ги полнеше очите со сол.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тие корпи се обично малечки и ги полнат со цвеќиња или разни слатки, ги оставаат пред нечија влезна порта, ќе заѕвонат и веднаш трчајќи бегаат.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Професионалците ги полнеа парковите и стадионите.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
И дури тој есапеше колку снопови има и колку десеток ќе му падне, чорбаџиите радосно ги полнеа вреќите и го носеа житото во Колобановиот амбар.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Машките ги фатија сите метеризи на тврдината, а жените, старците и децата ги полнеа испразнетите пушки и им ги даваа на борците.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Мажите ги тераа запрегите, а учениците и жените ги полнеа кошовите кои потоа се товараа, односно се истураа во запрегите.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ги полневме своите малечки грстови вода. Ги вовлекувавме длабоко в земи и те поевме.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
4. Ноќе да се чекори тихум муграта додека огрева отсекаде Сѐ од извор еден што потечува и утока една сал знае Во невиделото на темниот молк сѐ е кон сѐ затворено и сите страни на светот во една точка на копнежот се збрале на сонцето денот да му го понадат Шумата само чекорите на живинката ги познава и крилата вишно што се будат лазурот небесен го симињаат во пастелот на ведрата биднина Часот е тоа кога се живее и пее во мракот на успаните гори на високо Градите тишината ги полни со говор нов на утрото Гороцвеќе и божила му даруваат веќе на гласот со грстови што се истура во пристанот во чеканиот под гнездото на будната трепетлика
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Да не им ги полниме главите на децата со овие настани.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
грнчарите дуваат во дулињата, стомните, ибриците, бардаците и другата грнчарија, ги полнат со вода и покажуваат дека не течат;
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Сепак, сонот како горски сатир, невидлив и присутен, му ги полнеше ушите со магиски шум.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Селаните ги полнеа лулињата со тутун и нервозно пушеа.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Лифтот конечно запра на четвртиот кат. – До следното возење, комшија – Гога во фармерките и избледената блуза сочекува да се повлече металната врата од лифтот, за потоа да ја тргне во страна и другата, како тешка завеса, зад која надоаѓаат гласовите на станарите од четвртиот кат, девојка со црнокосо девојче со прцли, кое весело ја поздравува еј здраво тета Горданче.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Тушот ѝ ги полни дланките со вода и таа во нив ја истиснува белузлавата ејакулација од шишето шампон.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Што друго им остануваше на луѓето, иако знаеја дека така само тие осиромашуваат до гладување, а Луман, Дико и Бошко ги полнат џебовите.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Додека разговаравме, постојано погледнуваше на часовникот, а кога тетин ми се симна по неколку минути на тетка ми ѝ се осветли лицето, но веднаш истрча нагоре, несомнено да провери дали тетин ми случајно стоечки се измокрил, па да ја исчисти даската од шолјата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ги поставија врз плотната во кујната, а потоа се зафатија да ја местат масата и да ги полнат чиниите.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Потпукнува ко грмотевица и ми ги полни ушиве.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ми чука на замрзнатиот прозорец и ми ги полни ушите, како некое штурче од Грамос.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ми гори кожата, му ги полнам рацете со месо...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
од секаде ги бркаат домородците, а ако излезеш еднаш, враќање нема, си фрлил камен зад себе, оние што се инаетат ги клукаат со сол, а вода не им даваат, ги полнат со рицинус, со струја и со спици, со киселини и со куршуми, со гол газ на гол мраз им го бришат паметењето, да немаш родно место, да не спаѓаш никаде, склучува договори и со Бугарија и оттаму си ги зема Грците, а Македонците ги брка во Бугарија, секаде ги поттурнуваат, им ја истргуваат земјата од под нозете, на ненадејно ги фаќаат; жените велат: не ни чинат мажите затоа е вака, а никако не си и никако не е; секоја година нов ветер, нова вејавица,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ми ги полни очите, ми ги затвора.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Си ги подгорувам прстите, ги полнам пепелниците.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Без престан капат лисјето врз земјанките, ги полнат патеките меѓу нив.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А во селото и околината луѓето не еднаш велеа: - Кога запева Фимка, сонцето некако појасно и потопло свети, појот нејзин ја грее душата, ја смирува лутината, аргатската мака ја олеснува, ги полни срцата со некакво таинствено блаженство и замајување, маѓепсува, скротува, смирува, зближува, воздигнува и возвишува, а чучулигите губат лет во висина и славеите замолкнуваат, слушаат и љубоморат...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Вода дождовница ги полни рововите. Шлапаат во матната и ја месат со калта.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Зашто еве, и Евреиве ни ги полнат маалата. Со бродови и карвани од Дубровник, и тие, кутрите, божем бегајќи од Шпанија и Португалија одат за Солун, ама минувајќи низ Скопје, многумина и остануваат овде, кај нас. Што да правиме со нив?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)