ги (зам.) - поздравува (гл.)

— Доброутро, стрико, бацко, браче, Петре — го поздравија свадбарите и му ги подадоа своите испукани раце, кои Петруш ги стиска во своите и топло, братски ги поздравува: — О! Доброутро, Крчко, Трајко, Андо, Велико, доброутро, доброутро, добре ми дошле во дуќанов!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Секогаш кога ќе одеа нашинци во Белград, за да служат војници, или за да работат, или за да се лечат кај тамошните доктори, тој секогаш, скришум од своите, молејќи се никој да не дознае за тоа ги поздравуваше Благуна и Видана и им пушташе, колку за здравоживо, по некоја пара.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А кога во пролетта во 1939-та Акиноските му пишаа дека Благуна умрела и дека тие се се готват Видана нејзин да го донесат во Потковицата, па ако не сака тој, како сој, да го прими кај себе, тие ќе го задржат на својот имот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Додека минеа така заедно сите се потргнуваа да им направат пат, со почит ги поздравуваа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тавел пишуваше и детални сценарија, но Ворхол не се придржуваше до нив; во случајот на Vinyl тој дури и ги саботираше пробите, па во филмот е видливо дека протагонистите го читаат текстот од off­screen поставените табли (“idiot sheets”). Vinyl е немарен филм, немарен во својата структура, во својата иконографија, техника и изведување; полн е со немарности во однос на ефектот, такашто дури и луѓето кои го почитуваат Ворхол повеќе ги поздравуваат и ги сакаат филмовите на Пол Морисеј, во кои идеалите на вештиот комерцијализам - а тие СЕ идеали во оваа земја - прават доследен напор да забавуваат. okno.mk | Margina #15-16 [1995] 105
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
По манастирските конаци распослани се трпези, јадат, пијат луѓето, се веселат, оѕвива песната; игуменот оди од трпеза на трпеза и ги поздравува, ги благословува.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Александар забележа дека луѓето им се тргаат од патот додека поминуваат низ тесните перифериски улици, излегуваат од малите дуќанчиња и ги поздравуваат со благо поклонување, а кога сакаше да му плати на продавачот на ѓевречиња, тој тоа принципиелно го одби.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Најпрвин, не за долго, ги поздравуваше луѓето и прозборуваше со нив по некој збор за татковината или за земјите што само тој ги познаваше, сеедно каде, на Полуостровот или зад неизмерливите мориња, потоа се закопча некако однатре, стиснатите усни со повлечени краеви надолу можеа да му се отнат само со магија.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И ние уплашено им правиме пат и ги поздравуваме. И сѐ додека се плашиме, тие ќе газат преку нас.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Гркинките се приближија до Македонката, нешто ѝ проговорија и оваа бргу бргу ги завлече децата и едно по едно со изговорување на името им ги предаде на Гркинките, а овие откако ги поздравуваа со стисоци на рацете, ги сместија во нивниот џип, кренаа раце во знак на поздрав до толпата, џипот испушти еден силен прдеж и замина по истиот пат по кој и дојде.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Заводливите предлози потрошувачите ги поздравуваат; но еднаш кога ќе ги прифатите станувате зависни од експертите и пазарот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Почнете да се потпирате на брачните советници и брзо ќе станете зависни од експертските совети како да го задржите вашиот брак.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Време е за пиење кафе и белолаглави старци седнати крај масите и потпрени на крлуци, го чекаат својот филџан. Ги поздравуваме, ни отпоздравуваат.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Се распрашува за сите свои ученици, сите ги поздравува...
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Тоа се будеше како отворена утроба со своите илјадници живи организми, последни живи фосили, кои како да ги поздравуваа своите спасители…
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Зората го отвораше небото и го осветлуваше селото, но таа му изгледаше поинаква од другите: му изгледаше тажна, невесела; и сонцето што се покажа, му изгледаше понакво од другпат: крваво, мрежичесто како и неговите насолзени очи; и птиците што се будеа, како да му го разбираа срцето: пееја поинаку од другпат - тажно, со стегнато грло; и луѓето што ги сретнуваа на патот, ги поздравуваа со натажен глас.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)