За да го докажеме тоа, не е потребно да се избере некоја суспенз-сцена; „хичкоковскиот” стил ќе се препознае дури и во сцена со разговор меѓу две личности, едноставно по драмскиот квалитет на кадрирањето, по вистински единствениот начин да ги раздели погледите, да ги поедностави движењата, да воведе тишина во текот на дијалогот, по вештината да создаде чувство меѓу публиката дека една од двете личности доминира над другата (или дека е заљубена во другата, или љубоморна на другата), да сугерира, надвор од дијалогот, точна драмска атмосфера, и најпосле, по уметноста да нè води од една кон друга емоција, според својата сопствена интуиција.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Всушност колку прашањето е потешко толку тоа бара што поедноставен одговор но проблемот е во тоа што човекот не знае работите да ги поедноставува.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)