Но тој би се согласил, се чини, повеќе да ги поднесува нив, само да се ослободи од оние страдања што му ги донесе разделбата.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Помошната причина е таа дека членот на Партијата, исто како и пролетерот, ги поднесува сегашните услови делумно затоа што нема мерила за правење споредби.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Лима не ме дружеше, затоа што не ги поднесуваше дечиштата. Така таа ги нарекуваше.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Сепак, таа веруваше во својата духовна сила, а „грицкањата“ се уште ги поднесуваше стоечки, а духовната и телесната сила секогаш не се водат рака под рака.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- Вие плачете, госпоѓо! - Да, чедо мое. Разделбите секогаш тешко ги поднесувам.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Навистина, можеби и денеска ќе бев во првите борбени редови, но што да сторам кога не можам да ги поднесувам неправдите…
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
Такви луѓе среќавал и во другите затвори. И секогаш тие се едни исти: одмаздољубиви. Глигор не ги поднесуваше.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Јас воопшто не ги поднесувам твоите колеги.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Артистот не ги поднесуваше критичарите. Ги нарекуваше „портабл-енциклопедисти“ – За секој поим знаат по два реда – им се потсмеваше.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Иако ги поднесуваше воспитувачите, нив не ги сакаше.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Таков беше сега и татковиот пат по јагулите, за кој Мајка во себе имаше разбирање и ги поднесуваше тежестите во остварувањето и на оваа таткова илузија.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Ги поднесуваше зашто Татко секогаш измислуваше, наложуваше нова надеж!
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Си ги поднесуваше тивко сите товари.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Во делумна пресуда или во меѓупресуда судот може да изрече дека одлуката за трошоците се остава за подоцнежната пресуда (чл. 159, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
6. Судот ќе ја ослободи од плаќање на трошоците на постапката странката која според својата општа имотна состојба не е во можност да ги поднесува овие трошоци без штета за својата нужна издршка и нужната издршка на своето семејство.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
А слична, но пократка одредба, постоеше и во чл. 314 од ЗПП/98 којшто сè уште беше во сила во времето кога се одвиваше овој процес). A aко странката делумно успее во парницата, судот може – со оглед на постигнатиот успех – да определи секоја странка да ги поднесува своите трошоци или, пак, едната странка да и надомести на другата странка сразмерен дел од направените трошоци (чл. 148, ст.2 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Со одговорот на тужбата, тужениот е должен да ги приложи и исправите на кои се повикува, ако тоа е можно.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
По приемот на одговорот на тужба, ако судот утврди дека меѓу странките не е спорна фактичката состојба и дека не постојат други пречки за донесување на одлука, судот може да донесе одлука и без одржување на рочиште.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Но, нема да се донесе ваква пресуда иако се исполнети таксативно наведените услови – ако судот најде дека се работи за барања со кои странките не можат да располагаат (чл. 319, ст.1-2 од ЗПП). 6. Секоја странка претходно сама ги поднесува трошоците што ги предизвикала со своето дејствие.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
На ист начин првостепениот суд ќе постапи и кога против делумната пресуда е изјавен вонреден правен лек (чл. 315, ст. 1-2 и ст. 5-6 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Божја работа се и војниве и болестиве, вели, а наше е да трпиме и неговите казни да ги поднесуваме послушно и понизно, како негово верно стадо.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)