Од каде ќе се најдат средства за нови учебници, кој ќе ги подготвува, од чии средства ќе се издржуваат училиштата со македонски јазик? – Очигледно, штом комитетите и македонската интелигенција во Бугарија ќе почнат да му се противат на новото течење, или, ако не му се противат, просто не го поддржуваат, јасно е оти од него нема да остане ништо: фантазиите на неколцина Македонци ќе бидат исмеани и повеќе ништо.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Дали ги подготвувате за секој нов филмски проект?
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Прво што му падна в очи беа ручеците што ги подготвуваше Рада.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Го побарав својот адресар, а потоа почнав да ги подготвувам алиштата.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Предавањата ги подготвуваме заедно со Никифор.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ги приближуваше и ги подготвуваше и најодалечените трупци по ќошковите на таа просторија, ги прибираше пред себе како некое стадо, додека можеше да се оддели од пилата и да ја остави неа да беснее во срцевината на оној, што сега го работеше, а под неговите раце тие и по еден метар дебели трупци ги напуштаа своите места, вкопани во пилотината и почнуваа да се префрлаат еден преку друг.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Најтешко ми е што нема макар една малечка масичка на која би можел да ги подготвувам предметите и да ги запишувам моите белешки.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Во аголот од собата беше доктор Краус, и ги подготвуваше инструментите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Покрај него беше медицинската сестра госпоѓица Грубах и му помагаше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Среќен, им припаѓаше на козите, поигруваше со нив, па ги молзеше, утрото ги подготвуваше за пасење.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Беше отсутен, далеку со мислите, отсутен од ситните радости кои ги подготвуваше Мајка, за да го оттргне од внесеноста во големиот пат, во големите идеи.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Се бричеше внимателно зборувајќи ѝ на жена си во бањата, а таа во меѓувреме ги подготвуваше јајцата и шунката или палачин- ките или веќе што и да беше тоа утро.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)