ги (зам.) - подгорува (гл.)

Нејзе ѝ ги подгорува крилјата, мене ме гламносува. Ја милувам по главата, а косата ѝ испаѓа, небаре коноп од под гребен. Ја викам Уља.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Локомотивата пуфка чад и пареа, снегулките се топат на оџакот, си ги подгоруваат крилјата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А секаде е усвитен воздухот, ни ги подгорува алиштата, ни ги чвркосува веѓите и трепките.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Оти ти ги подгорува веѓите и трепките. Ти ги раси очите со паулици.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Огнот му ги подгорува мустаќите, па дури и влакната во носот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Си ги подгорувам прстите, ги полнам пепелниците.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)