Завиткани во излитени италијански ќебиња, по полноќ ги погребаа.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Черепите на М.Бошнаков и на М.Арсов им биле предадени на нивните родители за да ги погребаат во своите гробници.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
- Сите што настојуваа да заминат на таа страна за која ти си навивал ги погребаа - го поучуваше Чауле поткусеното човече. – Или народски речено отидоа јабана.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Престани бе! Зошто зборуваш со мртовци? - го прекори Мајката својот комесар Чауле и седна на гајбата со пиво.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Селаните ги погребаа ноќе и од тогаш никој надворешен не го знае местото на нивната вечна почивка, освен Езерчени.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)