ги (зам.) - погази (гл.)

А кон тврдењето на Огнена што Даскалов се обидуваше да си го разјасни, ми се причини дека ја придодаде и претпоставката дека во најлош случај, во колку Ѓурчин лично и ги погазил принципите за кои толку многу се застапуваше, тој сепак не бил иницијаторот или единствениот виновник.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Така и Господ, си помислив, трудејќи се и премногу околу најамбициозното создание на својата правдољубивост, Човекот, гледајќи го од височините, ни не претпоставувал, со каква леснотија таа негова творба долу на земјата ги погазува основните начела што тој му ги оставил како своја порака.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Помислив: се труди да го прикаже Ѓурчина недолжен дури и ако учествувал во овој настан. (Тоа најмногу ме изненади).
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
-Имало поприлично такви случаи, кога поединци ќе ги погазеле наредбите... затечени од непредвидливите околности, иако не можам да поверувам дека такво нешто му се има случено и на Ѓурчин.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
– Кадијата од Прилеп во Македонија Арслан-беј моли за милост и совет како да постапел со извесни разбојници што се појавиле во неговата нахија, подигнале бунт и ги погазиле твоите свети закони – и го отвори самото писмо.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Султанот пламна на овие зборови: – Кој ги погазил моите закони?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)