ги (зам.) - повлекува (гл.)

Тогаш Мајка, чекајќи го Татко, уште еднаш се најде со своите чеда пред затворената врата на судбината, откако ја минавме среќно границата испишана под водата на езерото и според сказните во кои ние децата верувавме дека била чувана од триглав змеј, кој се будел на секое минување на границата и ги повлекувал барките на дното, веруваше и сега, како и тогаш, кога ги искажа сите молитви од дното на душата, дека Бог и овој пат е на страна на мајките кои тој ги испратил за да си ги спасуваат своите чеда.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Мајка ми попусто го убедуваше да ги остави козите и Чанга, да не ги повлекува сите во пропаст. Жртвуваните нека останат жртвувани.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но, ни тоа не потраа толку долго, колку што беше потребно, за да го узрее во себе дури ни тоа чувство, кога виде како по снегот наоколу почнуваат да се редат едно по друго и да нараснуваат во приближувањето десетина издолжени црни тела, сите со муцките впиени во сиромашката миризба на крвта, чиниш врзани за тоа испружено тело во снегот со некакви невидливи врвки, кои некој сега сите заедно ги повлекуваше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Странките се господари на спорот [и тие можат да се договараат за спорните работи или, пак, да ги повлекуваат своите барања] (Paul. – Sent. 1,1,5) Работничката Мимоза Вујошевиќ од Скопје (сега 57-годишна) беше во редовен работен однос во Градската синдикална организација Регионален совет – Скопје, а од 1998 година таа се води како вработена во Сојузот на синдикатите на Македонија – бидејќи ССМ, кадешто има околу 70-на вработени, по трансформацијата е правен следбеник на поранешната ГСО – која, пак, се смета за негов конститутивен организациски дел.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)