ги (зам.) - повела (гл.)

Кога стигнаа на Зедница, и после, додека минуваа низ населбата, жените со кофи истураа вода пред нив, за да им помине лесно работата, како по вода, а полицајците сè уште уверени дека ќе успеат да ги убијат Ѓорета и мајка му Трајана, некако радосни, скокнаа во џипот и по Пазарџиски Пат одмаглија накај Прилеп.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А тогаш, кога ја качиле бомбата на кола, Трајана ги набркала сите седуммина мажи, сина си Ѓорета намерно го испратила да оди двесте-триста чекори напред пред колата, божем за ако има камења да ги отстракнува и да ѝ кажува која има дупки, а сама, откако се прекрстила, ги повела воловите, и - нога за нога право прудолу.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во тоа време децата од преку-преку-дедови ни биле многу лоши; не ги слушале таткови си и мајки си, а пак татковите и мајките ич не ги повелале, триста лошотии правеле.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ја помилувала малата Ервехе и ги повела во централниот дел на големиот павилјон.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ноќва не спиев и пак сонував. Карпиве околу нас несреќа ги повелаше.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Истото тоа, од збор до збор, сум го чул од покојникот. - Само ќе го закопаме, нели?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)