ги (зам.) - пере (гл.)

Во втората половина веќе му ги зедоа во пансионот да му ги перат и така и таа негова врска со татковата куќа се прекрати.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И дури другите денови го караше, дури и тепаше што се извалкал многу по реката, та не може да му ги пере парталите, вечерва го покани да вечера веднаш, бидејќи виде дека лебот и сиренцето ги вратил негибнати.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мита, која беше отишла по голема потреба, виде како Ставре во трапот си ги переше гаќите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Херој, рекоа е тој, ама не рекоа дека веднаш после борбата, во трапот си ги переше гаќите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ама, како што велеше татко ми – секогаш бевме, вели коњоводци и на офицерите им ги перевме посраните гаќи...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
По тоа знаеше дека сум лута, затоа што дотогаш, без да ми рече правев сè за него, ручек, чистев, дури кога ги перев моите гаќи ме натера и неговите да ги исперам затоа што немаше машина за перење во станот во кој живеевме.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Алиштата ги переше мајка му, па кога се намрштив на тоа ме предупреди, со зборовите: - Како мајка ми ги пере твоите алишта.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- Нее, - рече Србин, затегави. - Доста е засега тета да ни ги пере алиштата што ќе ѝ ги носиме, а после ќе видиме. - Аха, - рече тетин Доне.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Влези и разгледај ја визбата. Токму овде мајка ми ги пере алиштата, ја подготвува туршијата и ги прави колбасите...
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Инаку, еколошкиот двор не е на сама улица туку е вовлечен повнатре и тие листови не мора дури ни да ги миеш... ете, толку е незагадено во дворовите од Карпош... зашто, пази, градоначалникот редовно ги пере улиците со прскалка со вода... дека е од оваа, а не од онаа партија!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„Ма, парите ги перат и место прскалки, црева за вода купуваат“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тие пак беа доведени да ги перат борците што се обучуваа во Битола.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога немаше фудбалски натпревари тие знаеја да заскитаат низ полето, што се будеше, и таму, крај реките, каде што си ги переа своите кошули и чорапите, да го имаат пак она чувство.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
СУЛТАНА: Знам јас и тоа. РАЈНА: Знаеш ли кој ти ги пере гаќите? СУЛТАНА: Ти!
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Му напишав уште дека еднаш во месецот ќе му праќам нова облека и храна, а ако ми испрати стари пљачки, ќе ги перам и ќе му ги враќам.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ми беше сѐ помачно да седам така како кретен и да му го го ждерам лебот...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Вистински безобразен гад... Бестрага!... Доста беше...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
За да не правам трошоци самиот си ги перев чорапите додека беше излезен...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
И таму во логорите, скриени во густите шуми на Грамос и на Вичо деноноќно ни ги переа мозоците.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
По растоварот камионите ги перевме.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Излишно беше да стане и да ја кара глувата баба, затоа што таа почнуваше да плаче и да се жали како тој е неблагодарен, како таа го израснала, пелените му ги перела, млеко му греела во ниедно време, работела и дење и ноќе само за тој да стигне до комфорот во кој е сега, само за да има нешто да му остави, барем едно станче за кое нема потреба да печали со толкави маки како што печалеле таа и татко му.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ќе му ја врати ли тепсијата? Алергична да не е на ореви?
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Оние другите ги работеа потешките работи: ги переа алиштата и постелнината, правеа копчиња и чевли…
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Повелете во нашата продавница која е на излезот – тука се делата на нашите драги пациенти: чорапи и шалови, ноќници и фустани, марамчиња и крпи, предмети изработени од дрво,“ ми рече доктор Гете, а потоа продолжи да ми раскажува како се живее во Гнездо: „Будењето е во шест – прво се чисти она што се растурило во текот на ноќта, под надзор на болничарките, а тоа не е едноставна работа, како што може да ви се чини на прв поглед.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Цел ден ги перев алиштата на дваесетина души, селски, ткаени, кои тешко се перат, а сапун имавме малку.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)