ги (зам.) - пали (гл.)

Вистина, тоа ти бил цел сноп, завиткан околу наоколу со самолеплива хартија, па морав да ги подослободам кога ги палев, инаку не можеше да се потпалат оти, заедно со писмата што ми ги праќаше од Маказар, па и еден број што сум ги собирала уште од кога служеше војска, се собра големо купче.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Влегувам во канцеларијата и при тоа го извршувам сето она рутинско „добро утро”: ги палам светлата, разгледувам дали има пропуштено повици, си подготвувам кафе (со малку грижа на совест поради типичниот македонски почеток на работниот ден), а потоа со часови се нурнувам во компјутерот и се препуштам на долго, бескрупулозно, бескорисно, безидејно, безпотребно, без исав сурфање на интернет, кое во последнава година само ми го доослабна и онака слабиот вид.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Ги пали ѕвездите небесни да ни покаже дека не сме сами!“
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Илустрација: Andrew Hem Маргина 35 77 Зоран Анчевски ОВДЕ И НАОКОЛУ (лирско ноктурно за крај на веков) Балкан Клоака е на ереси и еретици што Европа ги пали и гасне по своите клади ги развлекува на прокрустијански постели и нехристијански им го жигосува гревот в мозок Јазол е од светло и темно што по правило само со нож се разврзува Крст-о-пат е од бесилки гумно од (к)оски вод-о-пад од солзи. . .
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
ПОД големиот мост во Келн, на оној мост што служи и за железницата и за пешаците, под чии сводови минува автомагистралата за Бон, речиси на дофат на монументалната Келнска катедрала и на главната железничка станица, а покрај павирните кејови на Рајна, од каде што, како ехо, допираат звуците на бродските сирени, кои овде како густи јата ја сечат реката во обата правца, во близината на трговскиот центар, се наоѓа „црвениот“ Келн, кој своите светлини ги пали во првите вечерни часови, а ги гасне во првите мугри...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Решение: Сонцето со оган ми ги пали очите, итн.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Арапските бунтовници врискаат и рикаат, на луѓето им ги сечат мудата, им го вадат дробот, ги прскаат со бензин и ги палат.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во тие денови дури и ја мразеше, ги мразеше сите ралупести буки и му доаѓаше мисла кај што ќе ги најде да ги пали.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сигурно се прашуваше кој ги пали и што ќе му се толку многу ѕвезди.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
За него старите велеа дека било остаток од некогашната црквичка, божем чадот бил направен од свеќите што ги палеле во црквичката предците на денешниве жители на Потковицата, а боите остатоци од фреските насликани во неа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Не можејќи да откријат кој ги организира луѓето да не даваат продукти за војската, да не ги извршуваат нејзините заповеди, командантите ги претепуваа или ги истепуваа повидните мажи, ги палеа куќите и копите, ги грабеа добитокот и живината.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Мажественоста, барем во некои од своите отелотворувања, по правило ги пали геј-мажите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Наближувам кон капиите на Градот. Ги палам трите златни влакна.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Додека стоеше крај дирата, загледан во прекрасниот ден за лов, во чијашто мека виделина дрвјата беа огромни, воздушести и бели, и во кој владееше една прекрасна тишина под млечнобелото зрачење на небото, Змејко, и не мислејќи на тоа, си ги исцрни со неколку јагленчиња од кибритот своите подочници, а после, кога очите можеа слободно да гледаат по таа светната белина наоколу, тој мирно ја допушти својата цигара, - една од ретките цигари, што ги палеше само при некој свој празник, - а потем го настега магацинот од својата долга француска пушка со фишеци, ги престегна опинците и замина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Свеќи ќе купам во разни бои, за по дома да ги понесат, пред спиење да ги палат и да си ги чуваат, па да ми ги вратат изгорени и да ми се пофалат што сѐ убаво им се случило, а, ако колата низ брдо тргнала, секогаш можам да им речам дека, ете, сега месецот и ѕвездите ќе делуваат врз нив и дека моите предвидувања ќе почнат како лавина да се случуваат. Ама, од утре!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ги палиме за душа на мртвите и за своја душа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Крстен е, повторил и Онисифор Проказник. - Ние никогаш не сме ги палеле мртвите. Изделкајте крст.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Или можеби ти виде дека го боде ајванот со вила, дека ги пали луѓето.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Сетете се, околу Ѓурѓовден по гробиштата селски лазат змии.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Чекај. Онисифор Мечкојад е злодеј зашто отиде со исечена жила на челото, затоа, нели?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Врелиот воздух му ги пали ноздрите и не го заситува.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Враќајќи се од своето прво истражување на околината, треперејќи од збунетост, глад и необично брзото стемнување на крајот од необично долгиот ден, во дворот на замокот виде како момче со темна кожа и блескава како старо седло, гол од половината до црните локни залепени од потта, поубав од ѓаволот во книгата која никогаш не ја видел, носи полни раце ронливи и шушкави струготини, ги реди и ги пали, а потоа покриен со синилото на мракот, со позлатено лице и гради на кои потта врие и ‘рти во чад, со празните раце го фрла својот ден на клада.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Кога ќе го видеа дома облечен со алиштата од умрените, го соблекуваа уште во дворот, не му даваа да влезе во куќата, му ги фрлаа алиштата в река или ги палеа, а него го ставаа во корито со вода и го капеа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Во некоја вечер пред тоа, обиколен крај огнот со ѕвездесто распрснати сенки, им објаснуваше: „Некогаш вештерките ги топеле во смола и ги палеле со помамни славопејки за крстот.“ Смоларите не му веруваа; се подбуцнуваа кришум со лакти и се клештеа кон месечината.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Мајка ми ги пали последните ѕвезди на Канаан во моето огледало и го положува Својот превез врз мојата последна песна...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ќе најде храброст да ги задржи солзите и да со обрати на толпата со зборовите, небаре преземени од својот син: Тој е син на сите вас!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во парискиот Лувр ја видов сликата на Еусташ Ле Суер, на која се гледа како апостолот на скалите пред храмот собрал верници нови христијански конвертити како носат пагански книги, таблици, ролни, кои потоа ги палат...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Пак Оруш збесна, им свика на мајсторите да слезат од чатијата, да запрат; зеде неколку пакетчиња динамит што ги имаше за кршење камења за варницата, и почна да ги пали и да ги фрла во куќата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Вчас, змејот го заобиколи ридот. Неговото чудовишно жолто око, настрвено на нив, ги палеше нивните оклопи со црвен блескав сјај.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Покрај свежо, покриениот гроб, стуткана седи Костовица и ги пали свеќите чии пламенчиња треперат во нејзинатаг дланка...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Воловарчињата најмногу ја имале таа можност зашто секаде наоколу се просторни ридишта со богати пасишта врз кој овој летен ден сонцето припечуваше, а ветерот го повиваше чипецот и им ги палеше обравчињата на децата.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Со натегање, еден по еден, Даскалот нè натера сите да ја кажеме прикаската, па дури и бате Јоле кој ги испомеша сонецето, месечината и дедо Господ така што испадна дека сонцето ја направило месечината, а Господ испадна како да е некој питроп в црква што ги пали кандилцата, поради што слатко се изнасмеавме.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Кошулата со илјадници бубачки и тревки ја понел со себе, огништата што ги палел есени по ливадите обраснале како никогаш и ништо да не било: - сега таму, најбрзо од сè расте заборавот.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Свеќите тој ги палеше, ламбата, ќумбето исто така.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)