Првите, реатините, како и дотогаш, продолжија да работат заеднички и плодовите од својот труд да им ги отстапуваат на стопаните, а овие на Портата, односно да ги делат со неа.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Рече и повтори дека е родена пред осумдесет години, дека животот го проживеала во голема сиромаштија, освен овие десетина години откако се доселија тука и отворија фарма за гоење телиња и најголемиот дел од нивите ним секоја година по пат на наддавање им ги отстапува државата.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Кога ќе узрее од онаа страна пак ќе пристигнат дождовите и земјата ќе не замоли да ѝ ги отстапиме. Земи ги, ќе речеме, земи ги, и дождовите се твои и плеќите наши ќе бидат твои па утре на помеко ќе си ги оставиме.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Силно возбуден близу претпоставениот гроб со посмртните остатоци на легендарниот херој на Картагина, врховниот борец возбудено молчеше, а потоа силно се расплака. Размислуваше така речиси еден час.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
А малце потоа и како да го наслушна неговото неизговорено додворување дека решението да живеат како што умеат а притоа и да го искористуваат најслаткото од животот е нивно и само нивно… а на оние горе, рамнодушно им ги отстапуваат грижите и вечната жед.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Турците му предложија, наместо да му ги отстапат посмртните останки на Ханибал, на истото место да се изгради голем мавзолеј, кој би сведочел против римскиот империјализам, но во исто време би бил паметник на турско-туниското пријателство.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)