ги (зам.) - отпечати (гл.)

Но најпрвин го засекле своето месо со змиско ноже и ги отпечатиле крвавите палци и показалци врз страниците на старото манастирско Евангелие. И еден по друг паднале пред олтарот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Онисифор Мечкојад не го чул како ни тој што не го чул чкртањето на здружените двоколки по чиј ред жените и децата оделе до Бекирова ливада. ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Покрај ова, се уредуваат прекршочните одредби, т.е. има нивно зголемување доколку работодавачот, одговорното лице кај него или физичко лице кое самостојно врши дејност: 1) го спречи, односно попречува инспекторот на труд во вршењето на работите на инспекцискиот надзор; (чл. 10, 11 и 12 од ЗИТ) 2) не набави книга за надзор и не ја чува во секој објект каде што ја врши дејноста (чл. 14 ст. 4 од ЗИТ) и 3) ги отпечати запечатените работни простории, работни места или орудија за работа во механизиран погон на работодавецот (чл. 18 ст. 1 и 2 од ЗИТ).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Ги отпечати расказите и со Зипото кој иако беше непушач секогаш ја носеше со себе, за пријателите пушачи да не ја прекинуваат сред збор нервозно буричкајќи во ташната и реторички извикувајќи „абе кај ми е упаљачот?“, потпали убав оган.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)