Целата идеја да ги испразни сите институции во Америка - затворите, приватните училишта и клубовите од внатрешноста - и да ги пренесе во своето студио учејќи да зборува преку медиумот на оваа бука, на нов народски јазик, сѐ уште вчудоневидува. (...) Сепак, на крајот Фектори беше осудена на пропаст поради сопствениот успех, поради светлината што ја фрли и поради контрадикциите на Ворхоловата личност што тој така извонредно ги отелотвори во Фектори како своја фикција - големата американска сказна: Неговата храброст и софистицираност, неговата не виност и несигурност -Дракула и Пепелашка-Дрела (Dracula and Cindarella - Drella), како што сите го знаеа.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Дека било јасно дека тој е уметник, дека тој не креира култура туку едноставно ја репрезентира, преуредена, изманипулирана и акцентирана по негова волја. (...) Мислел дека сме сфатиле, дека секој можел да увиди дека славата што тој ја произведуваше (за него и неговите суперѕвезди) не била вистинска слава, туку само репрезентација на слава, реторичка симулација на слава.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Во културна смисла тоа беше триумфален експеримент.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Зашто, веќе ги утврдивме трите услови чие содејство е и нужно и доволно за да се објасни општествената репродукција на машката геј-култура. (1) Дури и ако конвенционалните, хетеронормативни жанрови на дискурс се исто така и жанрови на чувствување и стилови на лично изразување; (2) ако главнотековните жанрови на дискурс, жанрови на чувствување и стилови на лично изразување се кодираат за родот и за сексуалноста според стандарната културна поетика – така што се интонираат со конкретни општествени вредности што различно се поврзуваат со конкретни обродени или сексуални улоги; и (3) ако таквите жанрови на дискурсот и стилови на чувствување или на изразување се обликувачки за одделните субјекти уште од раната возраст во животот – тогаш навистина е возможно во машката геј-култура да има нешто како примарна социјализација, доколку извесен дисидентски однос кон тие жанрови на дискурсот и на изразувањето претставува дисидентско обликување на родот и на сексуалноста.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Децата може да бидат во некоја ограничена мера изложени на високоразвиените културни облици што содржат и што одржуваат жанрови на дискурс и на изразување – а дури и да се изложени уште од рана возраст на, да речеме, мјузикли или на мелодрами, можеби нема многу да извлечат од нив – но тие се длабоко изложени на стиловите на лично изразување што тие форми ги дефинираат, бидејќи таквите стилови на изразување го обликуваат секојдневниот емоционален живот и ги конструираат разните прагматични начини на кои старателите на децата зборуваат, се изразуваат и се поврзуваат со децата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Со други зборови, еден процес на социјализација во машките геј-културни практики може да започне во раната возраст, долго пред почетокот на активниот сексуален живот и пред почетокот на возрасното учествување во некоја геј-заедница, затоа што протогеј-субјектите уште на таа возраст започнуваат да создаваат или, можеби, само да изнаоѓаат нестандарден однос кон сексуализираните или обродените вредности што се врзуваат и со главнотековните жанрови на дискурс, на чувствување, однесување и лично изразување и со културните облици (мјузиклите, трагедиите, мелодрамите, историското конзерваторство, разните естетски практики и интереси) и нивните сврзани емоционални облици во индивидуалното однесување, кои ги отелотворуваат, распространуваат, рутинизираат, зајакнуваат и консолидираат тие жанрови.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А протогеј-субјектите реагираат на настраното нудење на одредени одлики или состојки на тие главнотековни облици што комуницираат со чувството на тие деца за различност, со нивната желба за бегство и со нивната волја да замислуваат алтернативи, како што тоа го срочил Бери Адамс.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но не затоа што изразувал презир конкретно кон вдовиците, ниту воопшто кон жените, ниту кон болката на вдовството, туку затоа што укажувал на начелно непочитување на сите општествено конструирани и несиметрични родови крајности, кон културниот престиж што го собираат тие што ги отелотворуваат и кон сите општествени изведби што бараат да се сфатат направо – и кои се повластено подрачје на оние што имаат власт да им наметнуваат такви барања на другите.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Написот, така, даде сатиричен (иако и откривателен) поглед на техниките што геј-мажите ги користеа зад кулисите за да ги отелотворат поновите, построги стандарди на мажественото себепретставување што сега веќе ги наметнуваше геј-светот: „Сфатив дека вежбањето пред огледало е добар начин да се ослободиш од тие дополнителни маки [т. е. женственоста]“, објаснува писателот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тоа беше навреда за поновите, поточни и подобри дефиниции за гејството кои геј-мажите ги имаа срочено неодамна, што ги имаа популаризирано и што се трудеа и да ги отелотворат и да ги искористат.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)