ги (зам.) - осветли (гл.)

Ламбичето на оџакот е со завртен фитиљ и одвај ги осветлува нивните лица.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Дрогата на Хаксли не му донесе ништо значајно ново, но го интензивираше неговото доживување на светлото и ги осветли поранешните религиски и филозофски верувања.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Свеќници ги осветлуваат собите и салоните кадешто се движат овие суштества со одмерени чекори и театрални движења, претоварени со облека.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во оџачето одново прсна искра, за миг ги осветли и ги зголеми сенките врз ѕидот и Циљка толку долго ги гледаше, колку што летот на искрата во чија светлина го виде бледото и питомо лице на Мита и десницата нејзина во одвај видливо движење крената до челото кое го допираше со трите прсти...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Видела шири пламенот и ги осветлува исполегнатите во земјанката.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Со џепната батериска светилка ги осветлува лицата на исправената десетина.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Комесарот ја подигна батериската ламба, одново ги осветли лицата и нареди: - Сите надвор и во строј по еден!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Го прашав првиот што го сретнав што се случува во оваа улица, а еден од „придружбата на кралот“ рече дека тука се снима западногерманскиот филм „Барикада“, кој ги осветлува настаните од 1948 година во Берлин...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
XLVII И Татко и Климент Камилски и дење и ноќе работејќи врз турцизмите во балканските јазици, сѐ повеќе разбираа дека се нагрбиле со мисија на која не ѝ се гледаше претпоставениот крај.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На крајот се разделија обајцата задоволни дека за нив зборовите се потврдуваат, живи или исчезнати, присутни или заборавени, често употребувани или запоставувани, како ѕвезди на земјата, кои ги осветлуваат односите меѓу луѓето...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ноќта еднаш или двапати излегов на чардакот, но брзо се враќав назад, тргајќи се од полната месечина, уплашен да не ги осветли таа јасно контурите на мојата бојазан.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
На челниот дел од куќата, под стреата: срце, прстен, токосани раце, ангелче, венче, и во нив: почетните букви од името и презимето на домаќинот и годината на градењето; балкони: украсени со елементи од железо или ламарина во форма на триаголник, четириаголник, ромб, ромбоид, круг, трапез или со гипсени елементи во вид на амфори, во вид на подлактени раце или сосем едноставни со парапети кои завршуваат со коритца за цвеќиња; чардаци: долги колку што е долга и куќата, со пармаци, со плотици од костен, од даб, од јасика; на чардаците испуштени башлаци над кои висат мали куличиња низ кои може незабележено да се ѕирне во дворот, на патот, или во време на војни и арамилак, да се протне цевка од пушка и да се направи пусија; покриви: со рамни или со стрмни стреи, со испуштени чакми и кучиња, со поткренати маи како крилја од птица, со издолжени предни страни како козирка од капи, или прекинати со предниот ѕид што се крева нагоре за да го затскрие покривот; вратите: со една, со две поли, обични или со нутифедер, со украсни бордури на секоја пола, со надвратни прозорчиња застаклени или опшиени со мрежа за заштита од секакво гадурии; на вратите жапка или шуличе што се отвора со стап кој постојано е врзан на вратата, ѕвонец што ќе чукне потивко или посилно, резе со катинар или брава донесена којзнае од каде; прозорците: широки, европски, или пак тесни со по неколку крила доближени едно до друго за што подобро да ги осветлат просториите; оние што се на долниот кат и низ кои може да се ѕирне, заштитени се со железни прачки извиткани во разни форми; кај што нема железни пречки - дрвени капаци испукани од сонце и дожд, но кои ноќно време убаво ја затвораат куќата како дланки склопени на очи или како мравкини дупки.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Огнот се разгоре. Пламењата фатиле да ги осветлуваат напукнатите ѕидови, неваросани.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
А што се однесува до она другоно, евентуалните престапи и другите противправни дејствија, извршени во таа потрага, тоа се работи што треба да ги осветли законот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се качувам по скалите. Качувањето трае долго.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
ИВАН
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ги осветлуваат само светлечките куршуми на митралеските и автоматските рафали.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Понекогаш свеќа им ги осветлува и песните и мислите.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
На Бродски не му е баш најјасно каде оди времето, А Стравински се сомнева дека времето потонува заедно со Венеција.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Вербата твоја го разубедува, покривајќи ги неговите преплашени сомнежи, давајќи му сигурност, како што сонето со својот сјај ги осветлува црните лисја.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Само светлината и светлината, можеше да ги осветли и најмрачните души.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
1. Приказната на иконописецот „Тркнав до Бизант, царство на залез а позлатено од живопис, од убав поубав па откако се вратив, дали изменет или себепронајден, како што обично бива по далечни патувања и провиденија, решив: ќе ги осветлам тоновите на моите икони!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Успеа во свеста да ги осветли моментите од „италијанската врска”, за коишто претпоставуваше дека Татко најмалку ги знае, уште од најраното детство.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)