ги (зам.) - оптегне (гл.)

Во едно од неколкуте утра додека Томо замина да ги оптегне нозете, Јана го искористи мигот кога со Рада останаа сами.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Толку се подобри што или е настинка, или е грип, или е воспаление на белите дробови, или, гледаш, уште ќе ги оптегне папците.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Неговото здравје сé повеќе се влошуваше, то-ест се подобруваше.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Луѓето ги размрдаа нозете, ги оптегнаа глезните и видоа дека ќе можат да се движат во колона по двајца.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)