Веруваа, се надеваа дека Атанас, по исплакувањето на Молитвена Вода, ќе си дојде дома и ќе каже што го натерало толку силно и толку жалоито живи да ги оплакува.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И виде Фимка солзи на мајките кои чекаат - исчекуваат, воздивнуваат и ги оплакуваат и живите и мртвите чеда...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
А како да не се отвори: на таа страница во болни риданија Рахела ги оплакуваше своите деца а дедо ми, наместо свеќа, тука оставил стракче мајкина душица кое во голема тага се сушело низ вековите и сочувало сила само тешките и позлатени капаци на Светото писмо да ги подотвори толку - колку да се чуе ужасот на пискотниците од Витлеем.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Ги жалеа луѓето, ги оплакуваа и правеа маѓии да ја стиосат болеста, тропаа со тенекиња и ја бркаа, палеа ќуќур и козина да ја спотераат и избркаат од каде што дошла; ги стркаа ќералите и плевните со света водица, со жива вар, чадеа темјан и пееја молитви, го молеа господа да ја запре и сотре болеста по ајваните; им врзуваа амајлии на гушата, им сечеа од ушите, од опашката, од роговите - чинеа сѐ што знаеја или ќе чуеја само да ја откатанчат и изгонат болеста.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Зад него застана Онисифор Проказник. „Што е, пак ги оплакуваш чумосаните од времињата на дедо ти Макарие?“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Ги оплакувам живите“, рече Марко Марикин.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ќе закопаш еден - двајца паднале поцрнети, ќе им ископаш гроб на тројца - десетина се ничкосале мртви, в месо им шушкаат црви, тие црви се живот.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Чадот, жолтеникав и мирудлив, толку го смирува што Пандо може по цели часови да лежи под сенката на старата подгниена слива, да гледа во небото, во облаците, во летот на соколите и, без да му трепне око, да ги слуша лелеците на жените што ги оплакуваат своите најблиски.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Вжарен, па испотен камен – тоа е историјата: севезден да ги оплакуваш мртвите и пљачкосаното царство, да гледаш како царството станува вазалство, севезден на штрек да пречекуваш нови освојувачи кои по цели ноќи на месечина низ шепотот испуштаат уплав за оние кои не знаат дека на Инките убаво им стои да се вазали на сонцето, а уште поубаво им стои да се измеќари во Храмот на сонцето.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)