ги (зам.) - опише (гл.)

Но оваа епистемологија исто така има корени, традиции за излекување, кои се испреплетени во самата технологија, јазикот и праксите на деструкцијата. Foucault го обнови старогрчкиот термин epimelia heauton кој ги означува психолошките и интелектуални услови во коишто личноста е заинтересирана за грижа за сопственото јас, за работата врз себе.10 Терминот исто така ги опишува и одговорностите на моќта. Epimelia heauton имплицира внимание, знаење, техники, медитациска работа што бара разбирање за потребите на светот, коишто на поединецот не му се прикажани низ цивилни закони или религиски обврски туку како избор на постоење направен од самиот поединец кој решил дали ќе се грижи за себе или не, со тоа грижејќи се и за светот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но уметноста којашто еднаш рефлектирала и пасивно претставувала апстрактни конвенции и примероци на знаење, сега активно и дословно претставува отелотворување на психичките рани, урбаната лудница и милитаризираната свест во кризата на јадрото на крајната култура.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ова воопшто не е само реторичко прашање, бидејќи, како што имплицира претходната дискусија, доколку следењето на правилата не треба да се смета за когнитивно достигнување, тогаш воопшто не може да се смета за следење на правила.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тоа, тогаш, не би било следење на едно правило, кое, врз основа на тоа што е нешто регулативно, ги опишува ограничувањата и бара извесен образец на усогласување со нив, така што и ограничувањата и образецот треба да бидат сфатени како такви од страна на оној кој го следи правилото, со цел правилото да функционира како правило.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Факт е дека студентите ја прераскажуваа и со тоа околностите што таа ги опишува барем теориски биле можни.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Кај Батанџиовци една вечер станаа пискотници во племната.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ретко ќе се најде перо и рака да ги опишат, но отприлика изгледаа вака: — Аман ага, аман пашум, аман султанум! — пиштеше и се виткаше од ударите дедот Стојко Кусибоја налегнат во сред двор во тињата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Така и ги опишав... на свој начин. На начин што предизвика скандал кога се појави Патувањето.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Фракталната геометрија поседува некоја уредена, вградена неправилност и ги опишува врските меѓу правилното и хаотичното движење.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Света Тереза, Рама Кришна, Мајстер Ехарт, свети Јован Крстител и многу други ги опишаа ваквите значајни случувања, се разбира предизвикани со некоја друга метода, којашто вообичаено ја нарекуваме спонтана.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Лотман ги опишува литературата и уметноста општо земени како секундарни моделирачки системи, со што укажува на фактот дека тие се изведени од примарните моделирачки системи на јазикот, изјавувајќи исто така одлучно како Сапир или Ворф дека “Ниеден јазик не може да постои с# додека не е натопен во контекстот на културата; и не може да постои ниедна култура што ја нема како свој центар структурата на природниот јазик”.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ја споменавте „Нацијата“, во која ги опишав одговорите. Washington и The New York Times, мислам, ја протолкуваа сликата многу различно, едниот ги опиша усните на евреинот како „ласцивни“, а другиот како „претерано стегнати“ - што индицира дека проблемот не е таму каде што тие го лоцираа, бидејќи не сум можел да ги нацртам усните истовремено и такви и такви. Моја ограниченост.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Своите и страдањата на македонските печалбари од тоа време, авторот ги опишал со голема автобиографска прецизност.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Овие екстернализирачки разговори се иницирани со поттикнување на индивидуите да ги опишат ефектите од овие практики во нивните животи.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Со демаскирањето на практиките на моќ, индивидуите се во можност да заземат став кон нив и да се спротивстават на нивното влијание врз нивните животи.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Секако, европско - американските уметнички центри никогаш немаат потреба грубо да ги опишуваат нивните активности во поглед на националниот шови­н изам.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Не е чудо што не предизвика идентичен одговор од машките геј-гледачи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А тие што воспоставувале машки геј-културни идентификации честопати тие идентификации ги опишуваат како инстинктивни, природни, некалапени од општествените ставови и предрасуди, како упорна, истрајна страна на нивното личноствување, длабоко вкотвена во нивниот субјективитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А таа е едноставна.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И не мора да значи дека „културата“ е секогаш најдобриот начин да се долови посебноста на активностите, ставовите, чувствата, реакциите, однесувањата и интеракциите што се обидувам да ги опишам.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А тоа е една од причините поради кои оваа верзија е толку поневпечатлива од оригиналниот филм, и покрај визуелната убавина на фотографијата и поголемата убедливост на приказната.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Изгледа дека се впуштиле во културните практики на машката хомосексуалност долго пред да се впуштат во сексуални практики – пред да ја достигнат сексуалната зрелост, почнале да мислат дека се геј (или стрејт) и стапиле во контакт со некоја од формалните или неформалните институции на геј-друштвеноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Геј-мажите не престанале да наоѓаат геј-значење во женските икони, од Златните девојки до Очајни домаќинки и до Лејди Гага.376 Како оние мои геј-студенти и пријатели што ги споменавме, многумина (и хомосексуалци и хетеросексуалци) што израснале по Стоунвол сѐ уште јавуваат дека во детството изградиле настрани односи со предмети од главнотековната култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Па кога ќе се повикувам тука на тие поделби, целта нема толку да ми биде да ги разграничам разните гранки на книжевноста, различните начини на претставување и различните формални системи на дискурс, колку што ќе ми биде да ги опишам различните хоризонти на очекување во говорот и во однесувањето. ‌Разни обѕири го прават обидот да се зборува за „машка геј-култура“ ризичен, проблематичен, па дури и немудар.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ревносната изведба на Кејт Винслет на насловниот лик – на неискусната, обична, испогазена, честопати патетична сиротица, која е повеќе жртва отколку независна жена – нема ништо од жестината, елегантноста и авторитетноста со кои Џоан Крафорд го отелотвори аристократскиот калап на средносталешката женственост. ‌Значи, не сакам да кажам дека текстописците од ТОНИ просто се самозалажуваат кога се обидуваат да ги опишат генерациските разлики меѓу последователните верзии на машката геј-култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Вил Фелоус собрал многубројни речовити лични сведоштва за тој ефект, документирајќи ги и силината и сеприсутноста на таквите перцепции, со особен осврт на историското конзерваторство и архитектонското реставраторство: „Уште како дете, кога растев во неугледна фарска куќа, имав око за поинтересните и попривлечните градби“ (29); „Геј-мажите се многу усетливи за убавина.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во неа авторот, Борислав Станковиќ, ги опишува божјаците, скитниците и парталковците на Врање од своето време.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Едниот од нив кришум се прозевал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Попот не се напрегал богзнае колку да ги опише страдањата на болните: Сандре Самарија, Самуил Пендуш и Филип Макариев блуеле или плукале крв пред умирање.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој е манирист во секој поглед: изборот на боите е под влијание на Камбиасо, тука е хиероглифскиот пејсаж, магичните простории, визиите од соништа итн.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Кирка и Протеј и понатаму се омилените митови на тоа време.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Михаил Зошченко - човек кој во 1917 година имаше дваесет години, кој замина да се бори за Советската власт, ги опиша луѓето од истата таа власт во својата „Сина книга“ (мал извадок од неа токму презентираме во нашиот избор) - за подоцна советската власт да му се одмазди на веќе познатиот начин, со затварање, прогонство и смрт.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
За да го анализираат поведението на таквите системи истражувачите мораат во голема мера да се темелат врз компјутерски симулации бидејќи равенките кои ги опишуваат силите во сложените процеси се премногу сложени за да можат аналитички да се решат. 84 okno.mk
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Иља Иљф, Јевгениј Петров - најпознат тандем во историјата на литературата воопшто, единствено перо на двајца автори, творци на “Дванаесет столици”, руски пикарски роман (од каде е извлечена една глава во нашиот избор), со главен лик Остап Бендер - заедничка именка за сите луѓе од определен ков, кои се занимаваат со потера по своето дванаесетто столче. А такви, барем денес, има колку сакаш. okno.mk 209
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во својот роман Il Criticon (1651) Грасиан ги опишува своите два лика на едно пусто острово со кое владее налудничавиот свет на метаморфози: тие сретнуваат кола влечена од лисици и змии.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Но Монсу на свој начин, внатре оваа традиција, претставува нешто ново: тој го открива пејсажот на соништата од онаа страна на нивниот “амблематски” карактер, тој ги опишува “како такви” во нивната чиста алогичност, и тоа главно халуцинаторните соништа, елементите на еден “параноичен” свет кој Дали, на пример, премногу програмски го наметнува.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Остатокот од оваа глава обилува со истакнување на други различни аспекти на идеологијата: конзервативизмот и утопизмот, откриеноста и сокриеноста, практичноста на идеологијата и моментот на смртта на идеологијата (состојбата на ‘чиста идеологија’), динамиката на идеологијата, идеологијата на оние што владеат и владеачката идеологија и др.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Сепак, најзначајни се петте синтагми кои ги опишуваат различните страни на односот меѓу идеологијата и поединецот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Таму Бартлет забележува дела кога луѓето раскажуваат претходно чуени или прочитани приказни, сеќавањето за приказната не е базирано во буквална збор-за-збор реконструкција на прочитаното/чуеното туку на меморирање на приказната во термини на сопствени интерни шеми, и потоа со барање на зборови кои ги опишуваат истите. 80 Margina #3 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Сепак, кога Дишан зборува за ова дело, тој обично ги опишува коцките како коцки шеќер, одвлекувајќи го разговорот од студенилото и смртта.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Овој Codex всушност содржи (во втората книга) цртежи за човечкото движење - така Фолио 22 ги илустрира различните положби на човек кој преминува од лежечка во стоечка положба, со низа испрекинати кружни линии кои ги опишуваат поместувањата на значајните точки на телото - и кои мошне потсетуваат на студиите на Duchamp.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Тие нешта тој ги опиша во една книга во која се обидуваше на сѐ да се насмее и да заборави.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Сѐ беше толку убаво, немам зборови за да ги опишам тие моменти кои останаа врежани во мојата душа засекогаш и на кои со носталгија ќе се сеќавам.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
—Како можеме да ги опишеме, да ги лоцираме тие промени?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Таму тие ги опишаа слоевите на доживување на луѓето кои се соочуваат со крајниот настан во својот живот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Вистина е дека луѓето се такви какви што ти ги опишав!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Простор-око За сето време додека се мислам како да ги опишам претходниците на зборот – аватарите неподатни, а плотни за сето време неправедно што ми е дадено одеднаш за сѐ просторот се упатува накај мене и опфаќа сѐ како катаклизма - тој да има каде, јас да немам.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Случката го поттикна да ги опише тие цртежи како „нешто највпечатливо што досега сум направил“, а истовремено актуализираше некои фундаментални прашања за него како уметник.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тој ги ценеше нивниот високо развиен стил, свежиот квалитет на „наивно” посматрање, како и „независноста од влијанието на италијанските и холандските стари мајстори”, на чии што дела се базираше неговата едукација претходните пет години.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Па, бидејќи сите зборуваат за него, го фалат, ги опишуваат неговите збеснувања, го караат и го клоцаат, викаат по него, па само се слуша неговото име, славата на Фигаро секој ден расте.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Но, откаде еден Англиски господин во друштво на фантазери “изгорени” од италијанското сонце или со француската традиција на восхитување пред злото?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
За тој проблем подиректно се расправа во: La voix et le phénomѐne (P.U.F. 1967) 7).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Меѓутоа, уште од детството и во текот на адолесценцијата, сликањето, како и проблемите на сликарството воопшто, беа негово примарно интересирање.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И кога пишува за гневот на јавноста по прикажувањето на хомо-класикот Себастиан, и кога ги опишува лудостите во лондонската дискотека “Sombrero” или њујоршкиот “Continental Baths”, лавовската борба за најмали можни средства (а сите негови филмови, заклучно со The Last of England, чинеа 750 000 фунти!), несогласувањата со таткото, кога го слика престојот во Русија, смртта на Енди Ворхол, настапот на Мајкл Кларк, авантурите на осамениот ноќен патник во земјата “Cockaigne”, значењето на Хакслиевата “Врата на перцепцијата” во поимањето и восприемањето на “отворените филмови”... над сите тие редови лебди ангел со гараво лице, суров и ранлив уметник што слика момчиња, овошје и други сочни плодови на животот во кој врвната радост секогаш била измешана со суровата слобода на крвопроливањето.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Овие вредности несомнено му припаѓаат на системот чие распаѓање денес се покажува како такво, тие ги опишуваат стиловите на историското движење кои - како и самиот поим на историјата - имаа смисла единствено во рамките на логоцентричната епоха.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Познато е дека Wiener, на пример, препуштајќи ѝ ја на “семантиката” опозицијата помеѓу живото и неживото, која ја смета за премногу општа и груба, сепак продолжува да се служи со изрази како “сетилни органи” и “моторни органи” за да ги опише деловите на машината. 8).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Поради нивната општа важност за овие теории не е невообичаено да се применуваат врз самите себеси.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Од суштествени причини: единството на сѐ она што денес може да се постави како цел, преку најразличните поими за науката и писмото, секогаш, во принцип, повеќе или помалку кришум, е детерминирано од една историско-метафизичка епоха; ние го наѕираме единствено нејзиното затворање /clôture/. Не велиме: крајот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
„Еколозите од Гостивар ни ги опишаа убавините на Маврово“, рече Војче, подготвен да прочита.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Некои од овие информации доаѓаат од бившите и хроничните пациенти, кои во моментите на луцидност ги опишаа своите потреби во врска со околината.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Докинс (Dawkins) го предложи зборот „меми“ за да ги опише овие авто-реплицирачки идеи што се шират низ популацијата, предизвикувајќи културални мутации.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во последните триесет години, сведоци сме на појавувањето на нова раса во времето на младоста на индустриското општество. (Клучниот збор е младост, како спротивна на возрасност.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Не сум била во тие краеви, па мислев, ако ги опишува, ако ти раскажува за градот, за луѓето, би било интересно да се прочита.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Ниту збор нема напишано за тоа – ја прекинав дури и по малку грубо.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)