ги (зам.) - окуражи (гл.)

Попот и Васил му раскажаа од почеток до крај, Анѓа ги дополни за зулумите од прилепскиот кадија со своето ропство кај него.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Разговорот воден на каурски јазик и средбата на Анѓа со Ангелета ги окуражија другите сужни и сите му заблагодарија на господа што ќе им помогне на овој начин; дури и оче наш го прочитаа во себе тие што го знаеја.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Но кога се раздени убаво дотрча еден од аазите и му соопшти дека Бахтијар ја кренал војската во правец на Маргара.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кучињата пак полетаа удолу. Пламенот ги окуражи. Бојан тоа не го очекуваше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во заклучокот на оваа студија е направен и преглед на сите поважни нотирани промени при анализата на законите, кои треба дополнително да им помогнат на работниците, а секако и да ги окуражат во иднина да се борат и да бидат истрајни секогаш кога нивните права ќе се кршат и/или намалуваат.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Имало господ и од оваа клопка да се издутниме, — заврши Петре со утешителното и пријатно разјаснување на настанот и ги окуражи своите четници, соопштувајќи им ја и на другите војводи ново настанатата положоба во нивна корист со Толевата појава на „Гарван“.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)