ги (зам.) - одредува (гл.)

Тој го следи односот сè до некои репрезентативни примери во сложените воени случувања во Илијада, книгата што имала „речиси библиски авторитет“ меѓу старите Грци.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Често насоките, земјите каде што одеше, сам ги одредуваше, а често го завлекуваа и случајностите на кои им се препушташе како откината санта мраз, како лист зафатен од ветрот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Онианс укажува дека истите хармонија, број и ред коишто можат да се најдат во старогрчката математика ги одредуваат и уметноста, музиката и архитектурата, подеднакво како што ја регулираат и старогрчката воена фаланга; впрочем, и „Хесиод, во Теогонијата, ја прогласува Хармонија за ќерка на Арес, богот на војната“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
„Сѐ може да се разреши: од холандската фирма „Филипс“ има понуда за модернизирање на мониторинг - мрежа, подвижна станица што моментално ги одредува штетните материи во воздухот, на секоја точка каде се движи станицата.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Деметра ги одредува годишните мени Везејќи гоблени без да склопи око.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)