Организацијата и Македонците досега на далеко растојание ги оддалечија интересите на Македонија од бугарските.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Кога ги оддалечија своите лица и двајцата длабоко воздивнаа.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Татко ништо не одговори, но почувствува дека дискусијата ќе застрани кон нов тек, кој би ги оддалечил од првичната цел да го запрат вниманието на уште некој збор со балканско и трансбалканско значење.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Така, како нареден збор за генерална дебата го предложи зборот бакшиш, турцизам (со потекло од персиски bkhѕhеѕh), којшто ќе најде место и во европските јазици (на пример, на француски, на германски bаkсiсh, bakschisch), како и во сите балкански јазици со истиот корен, останувајќи во употреба дури до денешни дни.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тоа значи тие исто така мислат дека постои некаква реалност таму некаде.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Затоа ова едноставно ги води будистите до идејата за медитација која се користи за да ги оддалечи од јазикот, доведувајќи ги во допир со реалноста.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Јак блесок ги оддалечи, ги намали, ги сокри од него.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Соодветно со тоа, бројот на знаците во новосоздадениот систем на писмо не требаше да биде помал од 36, што е токму случај со старословенската глаголица, при што знаците, што се наоѓаат на последните места во низата на глаголицата, се користат за изразување на бројните вредности на илјадите.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Графичката специфика на глаголицата се прикажува во фактот дека знаците на грчкиот минискулен курзив графички се силно модифицирани од страна на нивниот 96 okno.mk создавач, што формално ги оддалечува од графичките знаци на прототипот.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Според тоа како ги поткрева цицките со двете шепи и како ги оддалечува и приближува колената не само што знае каде му се очите на синот на Богородица туку и како да се насладува од тоа.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Нивната немоќ да се доближат до нормалниот човек ги оддалечува уште повеќе од човекот.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Границата, која Татка го делеше од своите на едночасовен лет на птица, ги оддалечи луѓето од двата брега на Езерото, небаре на растојание на две планети.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)