ги (зам.) - обеси (гл.)

— им вели Толе и им запрети оти ќе ги обеси ако не стигнат пушките уште за некој и друг, месец, кога ќе треба да се употребат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Затоа Толе реши да го прати Јована во Бугарија по пушките.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
По малку време срната ги обеси ушите, се загледа во нас и тогаш јас видов чудо невидено: Загарот уште накарувачки и заканувачки лаеше, а срната го сврти опулот кон нас, ги рашири очите и почна некако очаено и молежливо да нè гледа.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Стојат пред мене, околу мене, ги обесиле веѓите и образите, целиот поглед.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Имаше неколку кусови широка сланина и едно поголемо парче свинско ребро, нив ги нанижа со еден канап и ги обеси на таванот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Понатаму ги обеси и венците кромит, лук и суви пиперки.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Зошто си ги обесил мадињана на yид?
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Султанот најпрвин ги прекорувал и им ги зел имотите, шадрваните, коњите и жените, потоа објавил, доколку не му ја донесат главата на ајдутот, ќе ги испообеси на железни куки или ќе ги испофрла во јами со исправени дренови колови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јаничарите, веќе исплашени од султановата закана, се сетиле да ги соберат од Кукулино и од другите соседни села сите машки деца од четири до четиринаесет години - доколку ајдутот Парамон не им се предаде или селаните не ја донесат на тепсија неговата глава, тие ќе ги исколат децата и ќе ги обесат нивните главчиња на скопските дрвја, јаболка со мртви очи да се.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Луѓето излегоа од земјанките и почнаа да ги обесуваат за сушење наводенетите алишта, черги и покривачи.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И тие ги гледаа во мислите своите деца претепани, измачени, гладни, голи и боси како газат во студената кал, како се тресат ноќе затворени во студените аништа, и... најпосле како сите ги обесил султанот во Стамбол.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Е кога гласникот се вратил во затворот и им соопштил на робовите оти не прима никакви услови царот и дека ако до утредента не се решат сите ќе ги обесат и ќе ги фрлат на зверовите.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ќе пробам како така јас да го победам џинот, а ако погинам, чувајте ме во спомен.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Каде и да свртиш поглед, очи ќе ти бодат урнатини што ги остави граѓанската, но и куќи на распаѓање на чии порти висат катанци, што ги обесиле сопствениците кои од патот на големата измама никогаш не се вратиле дома.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
НОЌ НА СМРЗНАТИТЕ ГРАФИКОНИ
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Во ноќта на музеите во Венеција веќе одамна никој не се запишува во правливите книги на впечатоци, како што во ноќта на вештерките никој не евоцира спомени за средбите лично со Данте на најдлабокото дно од пеколот неподносливи турканици, сека ноќ си ги обесуваат гласните жици на ченгели шиткачите на сувенири од муранско стакло, обетки, белегзии, приврзоци, порцулански чаши со слики на Свети Марко или на гондолиери кои ионака во последно време повеќе се сликаат отшто нема доволно јапонци за прошетки низ Канал Гранде, сентиментале.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)