Бојс сакал да ги обвитка со постојана топлина, да ги лулка како бебиња, како што и самиот се обидувал со топлина да се заштити од внатрешната и надворешната болка.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Па сепак, Бојс од уметничката изложба побргу создаде свет општествен обред отколку некаква самопослуга.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Општествената димензија на Бојсовото дело - вклучувајќи ги политичките и образовните активности, кои ги сметал за неделиви од својата уметност - го одразуваат неговиот обид другите страдалници да ги запознае со неговата рана и со можноста за нејзиното излекување со топлина.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Таа се стисна до него, ги обвитка рацете и нозете околу него како да сака да го успокои со топлината на своето тело.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
А и предметите низ собата кога ќе ги обвиткаше темнина изгледаа страшни и таинствени.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Кога ги измија садовите и кога ги ставија на местото, минаа преку терасата и кога стапнаа на земја, раното сонце ги обвитка со својата нежна топлина.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Започна да влечка дрвја од планината, да прави колци за ограда, да ги обвиткува и вкрстува со боцлива жица.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Меките, лепливи ходници на капиларите ми ги обвитка стопалата. Плодот пулсираше.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Посилно ги обвиткува ковчестите прсти околу решетките и ги здрвува нозете.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)