Во нив отсекогаш сѐ што е родено е живо и затоа нема и што да се откопа: луѓето таму во крвта си ги носат предците па затоа и не веруваат во одминливоста, самите себеси си се и предци и потомци: нанижани во долги низи црвени африкати, огнот во нивните колиби ги ништел сите нивни платони и исуси, бетовени и целани, па точно затоа тие и сѐ му доверуваа на зборот: сите нивни пориви и тајни - зборот ги префрлал преку вековите.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
И предци и потомци На Јордан Плевнеш Ноќва, вкопан во плочата на Сахара, во нејзините црвени африкати, осознавам дека има земји претерано неми, во кои нема што да се откопа - ни коска, ни писмо, ни прстен, осознавам, значи, дека има претерано неми земји кои сами себеси си се кучиња - чувари.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
На многу слики на кои беше сликан, ги кинеше, ги ништеше, не сакајќи да си го гледа ликот на фотографијата; веруваше дека тоа коби смрт.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Имаше и такви кои ги криеја свињите не сфаќајќи ја опасноста, но власта проверуваше и ги ништеше, а несвесните луѓе ги казнуваше.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Тогаш веруваше дека оние што се согласија на тој договор беа готови дури и систематски, сосема ладнокрвно да убиваат, да ги ништат и своите за да го покријат срамот што им го донесоа на сите, па и нему.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Се смрди селото од риба; замириса сѐ на риба: и алиштата и постелите по куќите, и садовите, и водата за пиење, и млекото, и здивот на луѓето, и изметот; ги солеа луѓето, ги ставаа во грнци, во каци, во сѐ што имаа, ги сушеа, а скапаните им ги фрлаа на мачките што се накотија и изнадојдоа од сите села: мораа после со пушки и со отров да ги ништат.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Потоа, секогаш кога ќе си спомнев точно на овие денови, сфатив, има толку многу нешта што брзо не се разбираат, не се даваат со голо око, толку прекрасни нешта скриени се таат во предметите околу нас, чекаат на нас, а ние слепо газиме на нив, ги ништиме тие мали, незаблежливи и неповторливи нешта, бездушно ги сакатиме.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Со него ги ништам сите мои непријатели – смирено одговори старецот, бришејќи го остриот нож од високата трева.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
И луѓето припаѓаат по патиштата. Ги тепа гладта, ги ништи.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)