Ама не, тие ја заборавиле клетвата на баба „Оган да те изгори!” и се токмат зад ќошот во замрзнатата темнина да ги начекаат и водата и воздухот за уживанцијата да биде комплетна.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Само што помислив дека триумфирав дојдоа две малоумни горили ги испратил некој политички шпион ги начека Робинзон ги застрела в тилот Задоволни седнавме исецкавме купуз во чест на грдите погубени горили а потоа спремавме стратегија за напад следни беа политичките гниди
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)